Погба: Цената на Нејмар наскоро ќе биде заборавена

Точка

17/08/2017

09:01

996

Големина на фонт

а а а

Пол Погба минатото лето беше во центарот на вниманието откако направи рекорден трансфер од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Погба минатото лето беше главна ѕвезда на трансфер пазарот, а ова лето таа улога ја превзеде Нејмар кој и официјално стана најскапиот фудбалер на сите времиња, откако ПСЖ за неговите услуги на Барселона им исплати вртоглави 222 милиони евра.

Французинот чиј што трансфер од 105 милиони евра изгледа премалку во однос на тој од Нејмар, сепак тврди дека не е важна цената на трансферот, туку првенствено треба да се гледа фудбалот и што тој играч му носи на најважната споредна работа во светот.

„Минатата година главното прашање на сите за мене секогаш беше цената на трансферот. Но, сега сите ме прашуваат само за фудбал и тоа доволно говори. Цената на Нејмар брзо ќе биде заборавена, а посебно ако тој воодушеви со своите настапи за екипата на ПСЖ. Среќен сум што повеќе не сум во центарот на вниманието на сето тоа и морам да ви признаам дека тоа е едно прилично убаво чувство“, изјави Пол Погба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг