Се појави видео од воведот на „Камп Ноу“: Како мина соочувањето на Меси и Роналдо во тунелот

Дерби

16/08/2017

12:20

1.460

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид и Барселона оваа вечер ќе го одиграат реваншот во шпанскиот Суперкуп, но сите медиуми на Пиринеите и натаму се уште со полна пареа се занимаваат со случувањата од првиот меч кој беше доста содржаен и кој донесе неколку контроверзни ситуации.

Кристијано Роналдо ќе го памети по добро овој меч поради тоа што постигна исклучително важен гол за 1:2, но исто така ќе има и еден лош спомен бидејќи по добиениот црвен картон заработи и суспензија од 5 меча. Тоа во превод значи дека Меси и Роналдо нема да се сретнат вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, па тоа беше добра прилика за шпанските медиуми да го побараат видеото преку кое уште еднаш ни покажаа дека Кристијано и Лео навистина се почитуваат.

Во видеото од подтрибинкиот простор се гледа пријателското приоѓање и поздравот на двете големи ѕвезди кој беше зачинет и со вмешување на Луис Суарез кој исто така се поздрави со Португалецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг