Оскар за документарен филм 2018: Може ли Avec L’Аmour конечно да ѝ донесе Оскар на Македонија?

Точка

15/08/2017

18:55

5.770

Големина на фонт

а а а

"Може ли македонскиот "Avec L’Аmour" конечно да ѝ донесе Оскар на малата балканска земја? Стивен Спилберг верува дека може" - пишуваат Docs Insights.

Avec L’Аmour, малото македонско микропроизводство, ги освои срцата на критичарите и публиката, па дури и Стивен Спилберг изјави дека тоа е најдобриот документарен филм што го изгледал со години наназад... Но дали тоа ќе биде доволно за да го заниша гласањето на Академијата во негова корист?

Дали Avec L’Аmour на Илија Цветковски и Атанас Георгиев, кој премиерно ќе се прикаже на интернационалниот филмски фестивал во Сараево следната недела, е навистина "најдобриот документарец со години наназад", како што го опиша Стивен Спилберг откако го изгледал во Торонто на HotDocs во април?

Па, можеби.. Но можеби ќе биде и "одвеан настрана" иако е еден од најистакнатите документарни филмови за 2017-та. Практично секој кој што го гледал се согласува, а тоа се рефлектира и во неговата оценка на Rotten Tomatoes со 97% позитивни гласови. И тоа, секако, покренува едно друго прашање: Дали ова ќе биде доволно за да го освои Оскарот неколку месеци од сега?

Трката меѓу документарците навлегува длабоко, како и обично. Најдобрите кандидати од Санденс вклучуваат два филма за Сирија од претходно номинирани-за-Оскар режисери, "Cries From Syria" на Evgeny Afineevsky, хроника на граѓанската војна направен од снимки на активисти, граѓани и новинари, како и "City of Ghosts" на Matt Heineman, кој е за група граѓански новинари во Рака, Сирија. Има и два еколошки филмови со повик за акција, кои претходно го привлекоа вниманието на Академијата "An Inconvenient Sequel: Truth to Power" на Bonni Cohen и Jon Shenk, кој е еден вид на продолжение на победникот од 2007-ма година - "An Inconvenient Truth", и Chasing Coral на Jeff Orlowski.


Avec L'Amour е приказна за Дионис, пензиониран учител по биологија со страст и со сон. Тој поседува над стотина 'рѓосани стари автомобили, од кои повеќето не ни работат, па секој ден спие покрај нив сонувајќи да ја претворат оваа необична колекција во музеј. Додека сонува за својот преокт опкружен со неговите автомобили во распаѓање, токму во овие купишта на 'рѓа Дионис успева да ја пронајде радоста на постоењето. Тоа е филм за професор кој е во фаза на пензионирање, неговата жена, неговата страст и желба и неговата фантазија за отворање на музеј во мало гратче во кое ништо не се случува. Звучи како Џоел и Итан Коен да направиле документарец некаде на Балканот, но чекајте, станува уште подобро...

Сега, свесно или несакајќи, Avec L’Amour е сосема поинаков вид на документарен филм, лична, човечка приказна која ги спојува елементите на многу документарни филмови од 90-тите кои беа најмногу прифатени од Академијата - како на пример победниците: In The Shadow Of The Stars од 1991-ва и The Long Way Home од 1997 - кој е за убавината на човечката издржливост.

Дали ова значи дека, речиси триесетина години подоцна Академијата исто така срдечно ќе го "прегрне" Avec L’Amour кој ја раскажува страста на овој човек кон неговите стари автомобили во "од Господ заборавено" Неготино, мал, рурален град во Македонија? 


Тешко е да се каже волку рано. Но никогаш не велете никогаш. Прашајте ги Стивен Спилберг и Џеј Лено кои беа забележани на неговата премиера во Торонто уште во април.

"Ве става апсолутно внатре во душата на водечките ликови - не ги дознавате деталите од приказната во позадина на Дионис, ниту пак што планира да направи, само ги следите реакциите на луѓето кои се неговото интимно опкружување, а тоа го прави филмот неверојатно топол, сочувствителен и искрен", објасни Спилберг на црвениот тепих на HotDocs во Тороното претходно годинава. "Илија и Атанас очигледно сакале филмот да биде експриментален спој на Cinéma vérité (/кино на вистината кое комбинира импровизација со употреба на камера обидувајќи се да ја открие вистината и да ги нагласи предметите скриени зад суровата реалност) и “fly on the wall” стил во кој настаните се гледаат искрено какви што се, како низ призмата на мува која стои на ѕидот и набљудува - во комбинација со лирскиот шарм на повеќето документарци од 90-тите, а истовремено ве држи на нозе цело време неослободувајќи ја публиката од јадицата во која се фатила гледајќи го. Ве поканува да го почувствувате на ист начин на кој Дионис го доживува - како што е, без доволно време да размислувате или да ги анализирате нештата, едноставно само чувствувате..." - објаснува Спилберг.

Сега, неколку месеци подоцна, го контактиравме г. Спилберг преку телефон за да го прашаме што мисли за Avec L'Amour  и неговата номинација за Оскар. "Тој е еден од најдобрите документарни филмови кои сум ги изгледал со години наназад" - беше брзиот одговор кој го добивме од Спилберг, "Го знаев тоа истиот момент кога го изгледав и не сум изненаден што е номиниран за Оскар."


И најверојатно тој е во право - нема сомнеж дека филмот предизвика огромен интерес. Оливер Стоун, кој според кинематограферите веќе добил копија од филмот, вели дека ќе оди на македонски филмски фестивал MakeDocs за неколку дена за да го провери филмот веднаш по Сараевскиот филмски фестивал, каде што тој е добитник оваа година на наградата "Срцето на Сараево".

"Да, тоа ќе биде одлично, не можам да дочекам да го видам музејот на автомобили на Дионис во Неготино" - беше првото нешто кое ни го кажа Џеј Лено, познатиот ентузијаст на автомобили кога го прашавме дали е точно дека тој ќе го придружува Оливер Стоун на неговото патување во Македонија. "Ги видов 'рѓосаните автомобили кога го гледавме филмот во Торонто со Стивен (Спилберг) и сум повеќе од возбуден да ги проверам и во живо, се надевам дека ќе можам да купам еден или два од нив."


Очигледно, Avec L’Amour e среќичката на Македонија. Малиот балкански народ се соочи со многу потешкотии и превирања изминатите децении и овој вид на изложеност нема да направи ништо друго освен што ќе ја подобри егзистенцијата на просперитетната македонска филмска заедница. Ова е трета номинација за Оскар на македонски филм. Првата беше назад во 1980-та за филмот "Дае" на Столе Попов и "Before the Rain" (/Пред Дождот) на Милчо Манчевски.

Уште еден доказ за успехот на Avec L’Amour е Европската премиера на Doc Fest во Минхен, Германија каде што филмот доби најдолги овации во историјата на овој филмски фестивал - луѓето ракоплескаа околу 25 минути според сиректорите на фестивалот. Ова значи дека навистина мора да го гледате Avec L’Amour. Тој е реткост. Вакви филмови се појавуваат еднаш на секои 50-тина години, ако можам така да се изразам.

Пишува Џејсон Витман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг