Најчудната холивудска ѕвезда: Изгледал како сите други, а злоставувал глумици и имал несекојдневни фобии

Точка

15/08/2017

10:20

4.012

Големина на фонт

а а а

Според мислењето на голем број критичари, тој е највлијателниот режисер на сите времиња, а неговото однесување во приватниот живот било исклучително специфично.

Скоро сите знаеме дека неговото појавување во секој негов филм е неминовно, а во шест децении богата кариера Алфред Хичкок режирал повеќе од 50 филмови, од кои 16 од нив биле номинирани за Оскар. Тој е роден во 1899 година. Исклучително строгото однесување на неговите родители кон него уште во најраното детство, подоцна допринело да стане кралот на хорор филмовите.

Општо е познато дека секојдневно морал да ги известува за своите активности од утро па се до легнување. Во една прилика изјавил дека детството му било исклучително несреќно и тажно, а никогаш не успеал да воспостави близок контакт со родениот брат и сестра. Како и многу ѕвезди во Холивуд, тој имал фобии - се плашел од полицајци и јајца.


"Мојата сопруга знае дека ми се одземаат нозете кога ќе видам полицаец на улица. Ми се блокира и гласот и не можам да зборувам", изјавил своевремено, а поради оваа фобија никогаш не поседувал возачка дозвола.

Секако, другата голема фобија многу тешко можела да се објасни.

"Јајцата се грозна работа. Дали сте виделе нешто погадно од кршење на живо јајце и изливање на неговата жолта течност? Крвта е весела и црвена, а јајцето неверојатно жолто и одвратно. Никогаш не сум пробал јајце", признал Хичкок, кој неговите соработници го опишувале како исклучително чудна личност.


Еднаш изјавил дека му завидува на Волт Дизни, кој своите главни херои може да ги нацрта и подоцна изгужва и фрли.

"Глумците не се стока, само треба да се третираат како стока", изјавил контраверзниот режисер, кој бил опсесивно 'болен' по русокоси кои најчесто ги глумеле неговите главни улоги. Со цел да го извлече најдоброто од нив, тој се служел со морбидни трикови.


Џенет Леј, која глумела во неговиот голем филмски хит "Психо" доживеала вистински шок кога во кадата во која се капела (за време на легендарната сцена на убиство) тој и пуштил змија, со цел сцената да биде што е можно пореална. Типи Хедрен, ѕвездата од "Птици" морала да трпи напад од вистински птици за време на снимањето, од кои една за милиметар и го промашила нејзиното око. Многу години подоцна, кога и јавно започнало да се зборува за неговата опсесија за сексуално малтретирање на глумиците, Типи Хедрен изјавила дека е само една од глумиците на која Хичкок и ја уништил кариерата со неговата посесивност.

Тој починал во сон во 1980 година во својот дом во Лос Анџелес, а причината за смртта била откажување на бубрезите.




Спонозорирани линкови

Маркетинг