Жена останала "бремена" во устата со лигњи: За време на оброкот ја пресекла страшна болка, а во устата, јазикот и образите започнале да ѝ растат испакнатини

Точка

14/08/2017

12:30

23.862

Големина на фонт

а а а

Откако била префрлена во болница и по отстранување на лигњите било установено дека станува збор за сперматофорама од лигња.

Една жена (63) од Јужна Кореја останала "бремена" и тоа со бебиња лигњи откако јадела каламари, односно, оброк од лигњи. 

Инцидентот се случил во моментот додека јадела парче варена лигња, кога одеднаш почувствувала остра болка во устата. 


За време на лекарскиот преглед на кој заминала веднаш, било установено дека еден вид на бебе-лигња ѝ се закачила за внатрешноста на устата. Насекаде имала испакнатини, на непцата, образите и јазикот. 

По отстранувањето било установено дека станува збор за сперматофорама од лигњи, односно делови од семена течност од овие морски животни. 

Сличен случај имаше и во Јапонија во 2016-та година, со разлика што таа жена тогаш јадела живи лигњи, што е често во тие случаи, но се уште не е јасно како стигнало до оплодување на устата на жената од Јужна Кореја кога таа јадела варена лигња. 


Најверојатно внатрешните органи на лигњите кои ги јадела не биле отстранети пред да бидат зготвени, што е задолжителна практика на Западот (така што вие немате причина да се грижите за ова.)

Така што, во случај сами да купувате целосни лигњи со цел да ги приготвите, не заборавајте да им ја извадите целата внатрешност, оставајќи ги празни пред да ги исецкате на кругчиња.


Добар апетит? 



Спонзорирани линкови

Маркетинг