Поголем дел од пожарите во Прилепско се подметнати, итно се бараат доброволци за Трескавец

Макфакс

12/08/2017

19:31

3.894

Големина на фонт

а а а

Поголемиот дел од пожарите во Прилепско се подметнати, соопшти Општина Прилеп.

Утринава жители на Горно Село кое се наоѓа под манастирот Трескавец забележале непознати лица кои се возеле во теренско возило и кои намерно запалиле оган. Сега таму беснее голем пожар.

Од Општината наведуваат дека попладнево намерно е подменат пожар и во селото Зрзе. Сторителот е веднаш уапсен. 

Инаку попладнево повторно се активираше и пожарот кој се наоѓа на само неколку стотини метри од манастирот Трескавец. Ситуацијата е алармантна, ветерот е силен и огнот се шири со голема брзина. 

Локалните власти упатуваат повик секој оној кој што може да помогне во гаснењето на огнената стихија која што му се заканува на ова наше големо светилиште да дојдат под итно на Трескавец. 

„Во Прилепско имаме повеќе активни пожари. Еден е на потегот кај селото Крушевица, потоа околу селото Бонче, а имавме интервенциија и кај поранешната фабрика „Партизанка“. Се локализираше пожар кај селото Зрзе, а сега се возобнови пожарот подманастирот Трескавец. Исто така имаме пожари околу селата Забрчани и Мраморани. Наши екипи работата постојано на терен, а од јавувања на граѓани имаме сознанија дека има намерно палење, така е со случајот кај селото Зрзе, пожарот кај Горно Село и пожарите во населените места Забрчани и Дупјачани. Имаме сознанија дека подметнувачот на пожарот кај селото Зрзе е фатен, а за потегот пак кај селото Горно Село видени се сторителите како намерно палат и потоа истите избегале со теренско возило“, вели Јосе Јорданоски, командир на одделение во ТППЕ – Прилеп. 

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, ги осуди намерните палења на пожарите и упати критика до надлежните државни институции и Владата бидејќи ниту еден нивни претставник овие денови не е дојден во Прилеп за да помогне околу гаснењето на огнените стихии.

Ристески денеска на доброволците кои учествуваат кај Трескавец им подели храна и вода.

„Граѓаните на Прилеп овие 2-3 недели се справуваат со една огромна непогода и се востопостави она што и се претпоставуваше дека пожариите се намерно подметнати. Се јавуваат пожари во исто време на различни места. Доказ за тоа се и денешните уапсени сторители кај селото Зрзе, а намерно подметнат пожар имаме и кај Мраморани и Горно Село. Мислам дека на терен треба што е можно повеќе да бидат надлежните институции, да превземат мерки и конечно да одговараат сите овие сторители кои создадоа огромна материјална штета на Прилеп и цела Македонија“, изјави Ристески.

Попладнево на Трескавец за да изврши увид во состојбата дојде и Архиепископот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан заедно со Владиката Климент. 

Владиците освен за состојбата со пожарите се запознаа и со тоа како се одвиваат градежните активности за обнова на опожарените конаци на манастирот. Моментално таму интензивно се гради и според динамиката на работа се очекува тие да бидат завршени идната година.



Спонозорирани линкови

Маркетинг