Јапонија распоредува проектили ПАЦ-3 во западниот дел од земјата

Макфакс

12/08/2017

19:23

2.480

Големина на фонт

а а а

Откако Северна Кореја се закани дека ќе лансира балистички ракети, кои ќе поминат над Јапонија и ќе летаат во правец на пацифичкиот остров Гуам, Јапонија почна со распоредување на свои системи за противракетна заштита „Патриот“ пренесуваат светските агенции.

Јапонското Министерство за одбрана почна да распоредува антиракетен систем ПАЦ-3 во Шиманео, Хирошима и Кочио во западниот дел на земјата, кој би можел да се најде, како што предупреди Пјонгјанг, на патот на прелетување на севернокорејската ракета. Антиракетен систем, според јапонски медиуми, ќе биде распореден и во соседната област Ехима.

Во меѓувреме јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ за да го заштити јапонскиот народ и неговата безбедност и имот. 

Регионалните тензии се зголемуваат додека Вашингтон и Пјонгјанг ја зајакнуваат воената реторика, а претседателот Доналд Трамп предупреди дека Северна Кореја „вистински ќе зажали“ доколку изврши каква било непријателска акција против САД.



Спонозорирани линкови

Маркетинг