Вакво убиство досега не е видено: Потопил поморница за да сокрие леш на новинарка

Точка

12/08/2017

18:13

8.286

Големина на фонт

а а а

46-годишниот Петер Мадсен, сопственик на една од најголемите подморници на светот, бил уапсен во Копенхаген по хаваријата на својата подморница во Балтичкото море во петок наутро.

Мадсен претходно нурнал во 18 метри долгата подморница заедно со шведската новинарка Ким Изабел Фредрик Вал, која правела репортажа за него. Меѓутоа, таа исчезнала без трага, и полицијата се сомнева дека Мадсен ја убил и ја потопил подморницата за да го прикрие злосторството. 

Тој на полицијата по апсењето и кажал дека не ја убил новинарката, туку дека ја истоварил во близина на еден ресторан на остров, неколку часа пред потонувањето. 

Пред апсењето Мадсен давал изјава на телевизија, објаснувајќи зошто подморницата потонала. Рекол дека имал проблем со баластот, па работите по некое време се закомпликувале.

Тој вели дека одвај успеал да се извлече од подморницата со крајни напори, а таа завршила на дното на морето во рок од 30 секунди. 

Момчето на исчезнатата новинарка во петокот наутро го пријавил исчезнувањето на својата девојка. Подморници, два хеликоптери и три полициски брода веднаш тргнале во потрага.

Портпаролот на данската морнарица изјавил дека подморницата била пронајдена како плови јужно од Копенхаген, меѓутоа подоцна утврдиле дека е потоната. 

"Мадсен ни кажа дека имал технички проблеми и дека поради тоа не можел да се јави во полиција преку радио-врската кога го забележал дефектот", велат во морнарицата.

Мадсен станал медиумска ѕвезда кога во 2008. година ја изградил подморницата заедно со група волонтери, а на неа потрошил 200.000 долари. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг