Состанок, па конечна одлука: Дортмунд ќе „пресече“ за Дембеле

Дерби

12/08/2017

21:03

1.012

Големина на фонт

а а а

Бундеслигашот Борусија Дортмунд за кратко време ќе донесе одлука кога е во прашање иднината на талентираниот напаѓач Усман Дембеле.

Францускиот репрезентативец не се појави на тренингот на „милионерите“ во четвртокот по што беше суспендиран од клубот, а причината за неговиот потег е тоа што сака да си замине од Дортмунд.

Барселона е најсериозниот кандидат за неговите услуги иако и Реал Мадрид срамежливо пројавува интерес за него. Германците сакаат што побрзо да ја решат оваа ситуација, па затоа денеска тренерот Петер Бош и управата ќе имаат состанок со Дембеле и неговите преставници по што во недела ќе се донесе конечна одлука.

-Ќе има средба вечерва, утре пак ќе донесеме одлука, -порачал Бош за „Скај Спорт Германија“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг