Чави за трансферот на Нејмар: Ова е како со Фиго, навистина е чудно …

Дерби

12/08/2017

19:10

2.419

Големина на фонт

а а а

Легендата на Барселона, Чави Ернандез го искажа својот став по една актуелна тема поврзана со неговиот поранешен клуб, а тоа е трансферот на Нејмар во ПСЖ.

Бразилецот реши да си замине од „Камп Ноу“, да го прифати богатството од „светците“ кои пак мораа да му платат на шпанскиот гигант 222 милиони евра. Од потегот на напаѓачот е изненаден и Чави кој не заборави да го спореди овој случај со оној на Луис Фиго во 2000 година (од Барса во Реал).

-Тоа беше негова одлука и мора да се почитува. Тоа е личен избор. Играчите денеска се селат на местата каде се најбарани. Меѓутоа никој не можеше да препостави оти тој ќе ја напушти Барселона. Чудно е што играч не сака да остане во Барселона, тоа е реткост. Минаа 17 години од кога Луис Фиго замина во Реал Мадрид. Што се однесува до Нејмар тоа е негов избор. Не знам што се случило, дали имало состаноци, разговори… има многу интерпретации на неговиот рекорден трансфер. Јас разбирам дека навивачите на Барса се лути зошто Нејмар не даде објаснување. Замина без прес-конференција, ама тоа е тоа. Ќе видиме што ќе му даде на ПСЖ. Во едно сум сигурен, Барса не очекувала да биде платена клаузулата од 222 милиони евра. Сега тие мора добро да управуваат со тие пари, -рече Чави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг