ПСЖ брка уште еден играч на Монако

Точка

12/08/2017

18:04

819

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен и понатаму не застанува, па во овој преоден рок максимално да го искористи и да направи што посилен тим за актуелнава кампања.

Трансферот на Нејмар беше официјализиран, а сега желбите се два играчи на Монако. Информаците од пред неколку дена говореа оти се е договорено околу трансферот на тинејџерот Килијан Мбапе, додека пак сега „Л Екип“ јавува за можноста да обиде обезбеден потписот на Фабињо.

Наводно Бразиелцот веќе ги договорил условите за петгодишен договор, па сега останува само уште клубовите да си подадат рака. Шампионот бара 60 милиони евра, додека пак „светците“ понудиле 45 со тоа што се очекува преговите да продолжат и да се оствари зделката.



Спонозорирани линкови

Маркетинг