Научници од Русија измислија лек против тромб

Точка

12/08/2017

15:23

6.025

Големина на фонт

а а а

Руските научници направија препарат против создавање на тромб кој нема негативни странични ефекти. Се соопштува дека главниот елемент на лекот е екстракт од тело на пијавица.

Според зборовите на стручњаците, првите истражувања во оваа област ги направила уште во 80-те години познатиот хирудолог Изолда Баскова. И таа работа од времето на СССР не била залудна. Лекарите уште тогаш се запознаа со корисните својства на пијавиците и научија како да ја извлекуваат од нив супстанцата што е потребна за растворување на тромбот, но во тоа време тоа беше многу тежок и скап процес.


Меѓутоа, денес руските стручњаци први во светот успеаја по вештачки пат да ја произведат оваа супстанца. Значењето на новиот препарат е во тоа што кога го растворува тромбот, притоа тој не врши негативно влијание врз протеините, за разлика од другите лекови од овој тип, пренесува "Рамблер".



Спонозорирани линкови

Маркетинг