Тројца убиени, меѓу кои и дете, во судирите по спорните претседателски избори во Кенија

Нетпрес

12/08/2017

16:14

1.113

Големина на фонт

а а а

Од средата во Кенија, којашто има 48 милиони жители, загинале најмалку 9 луѓе во насилствата поврзани со претседателските избори

По објавувањето дека на претседателските избори во Кенија победил досегашниот претседател Ухуру Кенијата, во саботата продолжија судирите меѓу опозициските демонстранти и силите на редот, во кои загинале најмалку три лица.

Веднаш штом изборната комисија на Кенија ноќта кон саботата по средноевропско време објави дека 55-годишниот Ухуру Кенијата го освоил вториот петгодишен претседателски мандат, избувнаа протести во упориштата на опозицијата, која предупредува на изборна измама.


Уверени дека „повторно им е украдена победата“, поборниците на опозицијата протестираа во западниот дел од земјата и во неколку предградија на престолнината Најроби, во Кибера, Матха и Кавангаре.

Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете загинале во судирите од петокот ноќта. Во градот Кисуми , во западниот дел од Кенија, едно лице е убиено а уште четири се ранети со огнено оружје и се хоспитализирани. Во соседниот округ Сиаја, полицијата ја потврди смртта на еден возач на такси- мотоцикл. Во Најроби, во предградието Матахре, едно 9-годишно дете загинало од истрел од огнено оружје во саботата утрото додека се наоѓало на балконот на четвртиот кат од една зграда.


Француската меѓународна невладина организацијата Лекари без граници (Médecins Sans Frontières -MSF), обви дека од петокот ноќта третирале 19 ранет во споменатото предградие на кениската престолнина. Според податоците на агенцијата AFP, од средата во Кенија, којашто има 48 милиони жители, загинале најмалку 9 луѓе во насилствата поврзани со претседателските избори. 


Безредијата избувнаа во саботата утрото во Кисма и околината, каде што демонстрантите блокираат неколку патни правци. Во предградието Кибери млади лица, исто така, ги блокирале патиштата претпладнето, по што полицијата започнала да ги растерува. Слични сцени се одвиваат и во предградието Матхаре, пренесува AFP.


Кениската изборна комисија прогласи во петокот дека актуелниот претседател Кенијата го добил вториот и последен според уставот петгодишен претседателски мандат на изборите кои се одржаа оваа седмица, и покрај забелешките на опозицијата за чесноста на изборниот процес. Кенијата е избран освојувајќи 54,27 отсто од гласовите, а неговиот главен противакандидат опозицискиот челник Раила Одинга од етничката заедница Луо, добил 44,74 отсто. Опозицијата ги оспорува резултатите и предупредува на „голема изборна измама“.


Кенијата, пак, во своето обраќање до нацијата ја повика опозицијата заедно со него да ја развива земјата и упати апел за мир.




Спонозорирани линкови

Маркетинг