Грозоморна несреќа во Германија: Камион за транспорт на ѓубре паднал и здробил петочлено семејство, на пожарникарите и лекарите им се слошило од глетката на која наишле!

Точка

12/08/2017

12:37

6.734

Големина на фонт

а а а

Сообраќајната несреќа која се случила на главниот пат 361, помеѓу Наголд и Мечинген ја шокираше германската јавност.

Германците не паметат ваква трагедија на нивните патишта. За само еден дел од секунда од лицето на земјата било избришано младо, петочлено семејство од округот Констанца кое се враќало од излет. Ни на крај памет дека тоа ќе им биде последниот ден во животот. 


Во несреќата настрадале едномесечно момче, неговата две-годишна сестра, нивната мајка (22), татко (25) и сестра на мајката (17).

Сведоците велат дека ваква глетк не виделе ни во најстрашните хорор филмови. Всушност, во една секунда автомобилот на ова семејство, чиј идентитет се уште не е објавен, станал семејна гробница. 

Страшната сообраќајна несреќа се случила кога камион за отстранување на ѓубре, во кој имало 26 тони ѓубре, поради возење со голема брзина во кривина се превртел и паднал врз автомобилот "VW голф". Како што тврдат сведоците, камионот забрзан во полна брзина влегол во кривината и изгубил рамнотежа па буквално паднал преку голфот. 


Дури откако со кран бил подигнат камионот, пред спасувачите се покажала вистинската слика на хоророт. Потпарол на полицијата изјавил дека камионот, од непознати причини одеднаш ја зголемил брзината во големата кривина што довело до негово превртување врз автомобилот и со тоа исклучувајќи секаква шанса билокој да преживее од оние кои биле во него. 


Несреќата не ги шокирала само луѓето кои се нашле на лице место, туку и полицијата и пожарникарите како и брзата помош кои едноставно доживеале шок на местото на несреќата гледајќи ја ужасната сцена. На многумина им се слошило од тоа што го виделе. 

Кога камионот бил подигнат пред спасувачите се покажала вистинската слика на хоророт - здробен автомобил со пет лица во него. Сцената била ужасна, а телата на починатите биле целосно измешани со деловите од автомобилот, лим и железо. 

Пожарникарите морале да го сечат автомобилот на делови за да ги извлечат парчињата од сплесканите тела на жртвите. 


Возачот на камионот и еден случаен минувач се полесно повредени, но возачот бил во сериозна состојба на шок од целата ситуација па бил пренесен во болница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг