Драма на концертот на Бритни Спирс: Манијак ја преплашил пејачката, обезбедувањето реагирало во истиот момент

Точка

11/08/2017

16:33

4.682

Големина на фонт

а а а

Додека пеела еден од своите најголеми хитови од почетокот на кариерата, Бритни Спирс не ни помислувала дека ќе уследи вистински шок.

На коцертот на една од најголемите музички ѕвезди, Бритни Спирс, во Лас Вегас, се случил инцидент во кој, благодарение на брзата реакција на обезбедувањето, немало последици. 

Додека Бритни Спирс го пеела својот голем и прв хит во кариерата "Crazy", на бината се качил човек од публиката, кој од обезбедувањето веднаш бил спречен да и пријде на пејачката.

Спирс исплашено гледала и прашувала дали човекот има пиштол, додека околу него стоело обезбедувањето, а потоа ја извеле од бината.

Неколку момчиња од обезбедувањето го решиле проблемот со човекот кој бил пријавен во полиција, а се воспоставило дека станува збор за 37-годишниот Џеси Веб, чии намери засега не се познати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг