Кога се осмелила на вакво деколте, замислете само какво модно фијаско следи во долниот дел од сликата

Точка

11/08/2017

15:10

11.991

Големина на фонт

а а а

Овие денови се е во знакот на роденденот на Кајли Џенер (20), но тоа не значи дека поголемата сестра Ким Кардашијан целосно ќе падне во сенка.

Таа морала некако да го привлече вниманието на себе и да ги потсети сите кој е главен во кланот Кардашијан, па тоа го направила како што најдобро знае - со шокантен стајлинг.

Ким неодамна се појавила во јавноста во поприлично шокантно издание - во негативна смисла за жал. Се одлучила за тесна бела маичка која ја откопчала кај градите за да ѝ се гледа градникот целосно. Меѓутоа, долниот дел од комбинацијата е она што не фрапираше - чуден микс на гаќи и шорцеви - со чипка!


Не било потребно многу време пред нејзините фанови и општо сите оние со добро око за естетика да започнат да го критикуваат ова нејзино фијаско. 

Многумина се прашуваа кој е нејзиниот стилист и дали воопшто има? Други пишуваа дека најверојатно заборавила по кој ред треба да се облече и во брзање излегла од дома, на трети им се причинило и дека можеби е бремена.

Сепак, мнозинството заклучило дека Ким најверојатно е очајна по внимание па ќе направи сѐ за да го привлече на себе - што и не звучи како да е далеку од вистината.



Спонозорирани линкови

Маркетинг