Објавена е симулација од лансирањето на ракетата Falcon Heavy: Илон Маск знае што може да тргне наопаку

Точка

11/08/2017

16:10

1.459

Големина на фонт

а а а

Четири месеци останаа до првото лансирање на Falcon Heavy, моментално најголемата ракета на светот која што ја гради компанијата SpaceX. Основачот на компанијта, Илон Маск пред неколку дена објави како сето тоа ќе изгледа.

Маск на својот профил на Инстаграм прикажа анимација на едно идеално лансирање. На видеото е прикажано планираното враќање на двете помошни ракети, како и враќањето на главната ракета после одвојувањето од модулот.

Да потсетиме, Falcon Heavy е ракетата која што Илон Маск планира да ја употреби за да испрати луѓе на Марс. Модулот ќе биде употребен како летало до Црвената планета, но пред да се случи тоа, потребно е да се извршат низа на тестирања.

Првиот тест е закажан за ноември 2017-та година, но Илон Маск е внимателен при изјавите во кои што со причина тврди дека „се може да тргне наопаку“, затоа што Falcon Heavy е двојно помоќна од моментално најмоќната ракета на светот.

На ракетата Falcon Heavy може единствено да ѝ конкурира само ракетата Saturn V која што е користена во Аполо мисиите. Секако Falcon Heavy не е најголемата ракета на светот затоа што е висока „само“ 70 метри. За „летањето“ се задолжени три јадра на три ракети со вкупно 27 мотори со назив „Мерлин“ кои што во Земјината орбита можат да подигнат товар со тежина од дури 63 тони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг