Погледнете зошто воздушното перниче е клучно за безбедноста во автомобилот

Точка

11/08/2017

15:33

2.038

Големина на фонт

а а а

Воздушното перниче е секако еден од клучните моменти во пасивната безбедност на автомобилите, затоа што спасува животи во моментите кога судирот веќе станува неизбежен.

Овој изум е конструиран од Џон Хетрик уште во 1952-ра година, а за прв пат воздушните перничиња ги вградиле Крајслер во своите автомобили во 1967-ма година, додека од европските производители, први го пробиле мразот Мерцедес - поточно моделот С-Класа (W126) од 1980-та година.

Како што е познато, воздушното перниче се активира во моментот на судирот, односно само неколку милисекунди откако ќе дојде до контакт на возилото со друг автомобил или објект.


Тогаш се активира капсулата во која што се наоѓа осум грама експлозив, а со неговото согорување се полни перничето. Најмногу една секунда после амортизацијата на ударот, перничето се празни.

За разлика од безбедносните системи како што се на пример ABS и ESP, системи кои што се клучни за активната безбедност, воздушното перниче е најважен елемент на пасивната безбедност, па денес еден современ автомобил има и до осум воздушни перничиња.

Колку е функцијата на воздушното перниче важна, најдобро илустрира видеото кое што го објавија од New Zealand Automobile Association.



Спонозорирани линкови

Маркетинг