Се сеќавате ли на најпознатата туристичка атракција во Малта? Азурниот прозорец се сруши, но сега е подводна атракција

Точка

11/08/2017

14:27

6.839

Големина на фонт

а а а

Секој кој што ја посетил Малта сигурно го има посетено и Азурниот прозорец, популарната карпа која што за жал беше срушена од силна бура во текот на март месец оваа година.

Сепак, карпата „продолжува да живее“ под водата, а како што велат нуркачите, таа се уште изгледа прекрасно.

„Големата бела карпа со свежите пукнатини изгледа навистина импресивно. Неколку метри нуркање се доволни за долго разгледување на ова природно богатство“, изјавил нуркачот Конрад Бар.

„Сепак, во следните неколку месеци изгледот на „Азурниот прозорец“, односно на деловите од популарната карпа драстично ќе се промени. Карпата ќе биде прекриена од алги и ќе стане зелена. Нов живот ќе ги прекрие острите рабови, па нуркачите сега се брзаат да ги видат остатоците од атракцијата која што се уште изгледа прекрасно“, додаде Бар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг