Кој ќе се откаже од стариот “дизелаш” добива до 10.000 евра!

Точка

10/08/2017

22:28

4.169

Големина на фонт

а а а

Audi за купувачите во Германија подготви пакет стимулативни мерки како својот стар дизел агрегат би го замениле за некои од новите модели од овој бренд.

Така сопствениците на возило со стари дизел мотори, Euro 1 до Euro 4, коишто ќе се одлучат за купување на Ауди со Euro 6 агрегат (по принципот “старо за ново”) ќе добијат бонус помеѓу 3.000 и 10.000 евра во зависност од тоа кој нов модел ќе сакаат да го купат.

Оваа акција којашто во потполност ја финансира Audi, засега е достапна само за купувачите во Германија и се вклопува и со другите мерки коишто владата на оваа држава ги презема како би го намалила бројот на “нечисти” дизел агрегати од своите патишта. Освен за новите Audi автомобили, акцијата важи и за некои користени автомобили на овој производител, коишто исто така ги задоволуваат Euro 6 нормите.


Купувачите коишто ќе се одлучат за некои од еколошки прифатливите модели, со plug-in хибриден или погон на компримиран природен гас (CNG), ќе добијат подобра понуда. На пример, за најавениот Audi A4 Avant g-tron и А5 Sportback g-tron бонусот изнесува 9.500 евра.

Најновите мерки доаѓаат после договорот којшто германската влада успеа да го постигне со Audi, Volkswagen, BMW, Daimler и Opel, а со којшто е предвидена брза замена на старите модели на автомобили со нови, еколошки поприфатливи.



Спонозорирани линкови

Маркетинг