Авторот на прочуеното правило за силни лозинки тврди: Направив голема грешка...

Точка

10/08/2017

18:54

3.340

Големина на фонт

а а а

Бил Бур, безбедносниот стручњак и автор на книгата од 2003-та година во којашто дава широкоприфатен совет во врска со креирањето на силни и безбедни лозинки – дека треба да се употребуваат специјални симболи и редовно да се менува лозинката, неодамна за Wall Street Journal изјавил дека воопшто не бил во право.

- Жалам поради поголемиот дел од она што веќе го направив, изјавил 72-годишниот Бур, сега веќе пензиониран работник на американскиот Национален институт за стандарди и технологија.

Пред околу 15 години Бур создаде нешто што се нарекува “NIST Special Publication 800-63. Appendix A”, и што прерасна во безбедносен стандард за федералните агенции и многу американски корпорации.

Иако во водичот за составување на силни лозинки се советува комбинирање од повеќе различни зборови, употребата на знаци за интерпункција како и честото менување на лозинките, со текот на времето се покажало дека како начин на заштита повторно нема да ги спречи сајбер криминалците за ништо повеќе за разлика од обичните лозинки.


Колку за пример, за разбивање на лозинката “Tr0ub4dor&3” потребни се три дена, додека за разбивање на лозинката “correct horse battery staple” ако е напишана како едно зборче, би биле потребни 550 години.

Во изменетото и дополнето издание на овој водич, стручњаците исто така ги советуваат корисниците да не ја менуваат лозинката се' додека не забележат некои од знаците на хакирање.

И покрај неисправниот совет, на Бур секако му се простува грешката бидејќи во 2003-та година, кога требало да напише извештај, добил многу малку материјал за проучување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг