Ја оставил ќерка си да се удави: Не им дозволил на спасувачите да ја спасат од тотално идиотска причина!

Точка

10/08/2017

18:49

18.354

Големина на фонт

а а а

Маж од Азија физички ги спречил спасувачите да ја извлечат неговата ќерка надвор од вода на плажата. Како оправдување изјавил дека таа би била "обесчестена доколку ја допираат непознати мажи" ...

Маж од Азија гледал како неговата 20-годишна ќерка се дави на плажа во Дубаи и не преземал ништо! За несреќата да биде уште потрагична, тој е одговорен за смртта на својата ќерка бидејќи не им дозволил на спасувачите да ја извлечат од вода и физички ги спречил кога тргнале да ја спасуваат. 

Изјавил дека "ќе ја осквернават ако непознати мажи ја допираат" ...

Неименуваниот "татко" е уапсен и против него надлежните покренале кривична постапка бидејќи со своето делување директно придонел за смртта на неговата сопствена ќерка. 


"Азиецот ги однел својата сопруга и децата на плажа за да пливаат, да имаат семеен пикник и да се забавуваат. Останатите деца исто така биле во вода кога 20-годишната девојка одеднаш започнала да се дави, започнала да вришти и да бара помош", раскажал поручникот Ахмед Бургиба, заменик директор на полицијата во Дубаи. 

"Двајца спасувачи од плажата веднаш се стрчале кон водата за да ѝ помогнат на девојката. Таткото, крупен и силен човвек, тргнал да се бори со нив, ги влечел и физички ги запрел да го спасат девојчето, а потоа станал и многу насилен и агресивен. Тој им кажал дека повеќе би сакал ќерка му да е мртва отколку да ја допираат непознати мажи" - ја продолжил приказната и самиот во неверување и додал: 


"Ова е еден од инцидентите кои никогаш нема да ги заборавам. Шокиран сум. И јас и сите останати кои се вклучени во случајот", објаснил полицаецот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг