Единствениот син Ferrari Enzo наскоро ќе се најде на аукција

Точка

10/08/2017

18:01

1.702

Големина на фонт

а а а

Според проценките на аукциската куќа RM Sotheby's, за еден од вкупно 400-те произведени примероци на автомобилот со кој Ferrari во 2002-ра година му оддаде почест на својот основач, новиот сопственик ќе мора да издвои околу два милиони долари.

Иако култниот автомобил, како што споменавме, е произведен во 400 примероци, сепак во овој случај станува збор за уникатен модел произведен во 2004-та година кој што е единствениот Ferrari Enzo чија што каросерија е офарбана во сината боја - Tour de France.


Според информациите кои што ги соопшти аукциската куќа RM Sotheby's, новиот сопственик ќе добие исклучително сочуван примерок со поминати само 8,884 километри. „Синиот“ Ferrari Enzo има централно сместен 6-литарски атмосферски V12 мотор чии што 660 коњски сили се доволни автомобилот да забрза од 0 до 100 километри на час за 3,3 секунди, а максималната брзина да изнесува импресивни 350 километри на час.


Четири години откако во 1998-ма година Ferrari го заврши производството на моделот F50, на сцената на ултра-спортските автомобили се појави новиот, најмоќен Ferrari кој што го дизајнираше Јапонецот Кен Окујама.


Зад називот Enzo со кој што италијанската компанија на најдобар можен начин му оддаде признание на својот основач, беше претставен автомобилот кој што со својот изглед ја воодушеви светската јавност и според многумина, Ferrari Enzo со одредени делови од својата каросерија покажал како би изгледал еден Формула 1 болид кој што би имал покрив и заштита над тркалата.




Спонозорирани линкови

Маркетинг