Фантастичен телефон: Објавени се нови фотографии на Galaxy Note 8

Точка

10/08/2017

16:03

1.526

Големина на фонт

а а а

Како што може да се види на фотографиите, доколку се точни, тогаш сигурни сме дека љубителите на телефоните на Самсунг ќе бидат воодушевени. Новиот Galaxy Note 8 и дефинитивно ќе конкурира за најдобар телефон на годината.

Самсунг најави конференција за 23-ти август во Њујорк, а иако од јужнокорејската компанија не соопштија што ќе биде претставено, сите се уверени дека во „Големото Јаболко“ ќе биде претставен новиот Galaxy Note 8.

Во изминативе неколку седмици започнаа на интернет да се појавуваат првите фотографии од Galaxy Note 8, а во пакет со гласините околу спецификациите на самиот телефон, јасно е дека фановите на Самсунг ќе бидат воодушевени, а телефонот ќе се најде во најтесната конкуренција во изборот за најдобар телефон за 2017-та година.


Од Galaxy Note 8 можеме да очекуваме екран со дијагонала од 6,3 инчи и закривени рабови а „под хаубата“ ќе има процесор Snapdragon 835, односно Exynos 8895, потоа 4 или 6 GB RAM меморија и 64 односно 128 GB интернет меморија која ќе може дополнително да биде надградена со мемориска картичка.

Од останатите спецификации најмногу се издвојуваат водоотпорноста и гласовниот асистент Bixby, а овој телефон би трбало да ги воодушеви и љубителите на добрата фотографија затоа што на задната страна ќе има две камери (наводно со резолуција од 12, односно 13 мегапиксели) кои ќе имаат можност за оптички зум и фотографирање и снимање на видеа при слабо осветлување.


Пред една седмица првите фотографии ги објави познатиот инсајдер Еван Блас, а деновиве нови фотографии се појавија и на страницата My Everyday Tech кои иако беа за кратко време избришани, сепак тие веднаш се проширија на интернет.



Спонозорирани линкови

Маркетинг