Неочекуван пресврт: Анџелина и Бред се откажале од разводот, а причината е неочекувана?!

Точка

10/08/2017

14:04

10.105

Големина на фонт

а а а

"Веќе неколку месеци двајцата воопшто не се трудат околу парницата, и повеќе никој не верува дека воопшто ќе се разведат", тврди извор близок до холивудскиот пар.

Во септември 2016. година Анџелина Џоли поднела барање за развод од Бред Пит, и било само прашање колку ќе трае бракоразводната парница. Меѓутоа, уследил целосен шок, и американските медиуми тврдат дека славниот пар се откажал од разводот, како и дека Анџелина е подготвена да се смири со Бред. 


Многу работи се пишувале претходните 10 месеци, дека Бред ја изневерувал Анџелина, дека таа го оставила него, дека е виновна нејзината анорексија, како и проблемите на Бред со алкохолот... 

А вистината, како и секогаш, е некаде на средина, и како што наведува US Weekly, се се променило во мај, по интервјуто на Пит за списанието GQ, во кое тој признал дека има голем проблем со алкохолот и дека почнал со лечење. 


"Разводот е откажан. Веќе неколку месеци двајцата воопшто не се трудат околу парницата, и повеќе никој не верува дека воопшто ќе се разведат", тврди извор близок до холивудскиот пар. 


"Пит го остави алкохолот, таа го сакаше тоа отсекогаш. Сите мислат дека двајцата повторно ќе бидат заедно, и не би било изненадување да потврдат дека се смириле и дека се откажале од разводот", наведуваат извори од окружението на Бред и Анџелина. 

Колку се вистинити овие гласини, ќе видиме во наредните месеци, но факт е дека евентуално смирување би било вест на годината, барем кога се таблоидите во прашање.




Спонозорирани линкови

Маркетинг