Новиот iPhone 8 нема да биде достапен во златно-розева боја

Точка

10/08/2017

14:03

896

Големина на фонт

а а а

Од Apple се уште немаат потврдено дали новиот iPhone 8 ќе се појави на пазарот во септември оваа година, но на интернет веќе неколку месеци кружат разни гласини околу „осмицата“.

Деновиве се појави информација дека новиот iPhone 8 нема да биде достапен во златно-розевата боја. Имено, засега сигурно било дека новиот телефон на Apple ќе биде достапен во црна, златна и сребрена боја.

Да потсетиме, Apple за прв пат во розева и златно-розева боја го претстави iPhone 6S и iPhone 6S Plus.


Покрај оваа гласина, засега познато е само дека новиот iPhone 8 ќе има екран кој ќе се протега долж целата предна страна од куќиштето. Големината на самиот телефон би требала да биде слична на големината на моделите iPhone 7 и iPhone 7 Plus, а задните две камери ќе бидат поставени вертикално, наместо хоризонтално.

Подетални информации околу скенерот за препознавање на лице и позицијата на скенерот за отпечатоци за прсти засега нема. Новиот iPhone 8 ќе биде првиот паметен телефон на Apple кој што ќе поддржува бежично полнење, иако оваа опција најверојатно нема на корисниците да им биде достапна веднаш, односно ќе пристигне со првото ажурирање на iOS.

Да потсетиме, со лансирањето на новиот iPhone 8, американската компанија ќе ја прослави 10-годишнината од лансирањето на првиот iPhone.



Спонозорирани линкови

Маркетинг