Со Меланија нема играње, таа ги држи работите под контрола: На поранешното момче му се заканила и му ја "затнала" устата

Точка

10/08/2017

12:03

9.613

Големина на фонт

а а а

Сопругата на претседателот на САД вработила адвокатка која решава многу случаи.

Пред година дена, Наташа Пирц Мусар, го имала првиот разговор со Меланија Трамп, идната прва дама на САД. Сѐ започнало со телефонскиот разговор со еден американски адвокат кој ѝ кажал дека Меланија бара адвокат кој ќе ја претставува во Словенија и дека одбрала тоа да биде Наташа.

"Разговарав со Меланија околу тоа што се случува во Словенија. Зборувавме за тоа како започнале да објавуваат скандалозни приказни и дека ја злоупотребуваат нејзината слава. Таа ми кажа дека не сака да тужи никого, ниту пак го прави тоа за пари бидејќи не ѝ требаат пари, но некои граници мора да постојат", раскажува Мусар.


Сопругата на Трамп имала посебна причина да ангажира адвокат во земјата. Тогаш еден магазин објавил дека Меланија, тогаш Кнавс, работела за модната агенција Паола Замполија во Њујорк и дека агенцијата се занимавала со ескорт за богати клиенти. Неколку недели подоцна Наташа Мусар го тужела магазинот. Меѓутоа, тогаш веќе Daily Mail исто така објавиле текст со слична содржина и цитирале извори од Словенија. 

"Во рок од 10 секунди приказната се пренесе низ целиот свет", вели Мусар. Daily Mail на крај ја повлекоа приказната и ѝ се извинија на Меланија, но Словенците до ден денес не направија ништо - ниту се извинија ниту ја повлекоа приказната. Кон крајот на минатата година Мусар поднела тужба против новинарот Томаж Михелич обвинувајќи го за објавување на непроверени факти. 


Останува прилично невообичаено тоа што Меланија се одлучила баш за Наташа. Всушност, пред адвокатската кариера, таа работела како ТВ водителка, а имала и искуство со работа во CNN. Откако започнала да соработува со Меланија Трамп, Мусар не може да се ослободи од клиенти, но и од процесот. 


"Речиси преку ноќ, откако стана прва дама, луѓето започнаа да продаваат сѐ на што ќе можат да го стават нејзиното лице, а некој ги измисли и Трамп хамбургерите", раскажува Мусар. Не само што прпизводите се популарни, туку сега се обидуваат и да ископаат мрачни тајни за сега веќе моќната жена. Бојан Пожар, еден од авторите на книгата "меланија Трамп - Доверлива приказна", вели дека го тужеле по објавувањата на книгата, а не поради нешто што е напишано за Меланија. 


"Ме тужеа бидејќи сум објавил документ во кој стои дека таткото на Меланија, Виктор Кнавс бил под истрага поради шверцување и даночно затајување", открива Пожар. 

Интересен е и случајот на Јуре Зорчич, човекот кој тврди дека Меланија му била девојка во раните деведесетти. "Го повикав во канцеларија бидејќи сакав да му објаснам дека Меланија не сака тој да раскажува за неа. Признала дека се познаваат, но тврди дека никогаш не му била девојка и поради тоа треба да потпише договор дека ќе престане да зборува такви работи", раскажува Мусар. 


Пожар вели дека всушност ова била причината што тој се одлучил да ја напише книгата. 

"Ми кажа дека се сретнале во Њујорк и дека баш го изненадило тоа што неговата поранешна девојка повеќе сака да зборува на англиски отколку на словенечки", раскажува Пожар. 


Пред Меланија да ја вработи Мусар, Зорчич редовно разговарал со новинарите на најразлични медиуми, ја покажувал улицата на која се запознале. Зборувал дека Меланија никогаш не била типична Словенка. Меѓутоа, по разговорот со Мусар сето ова завршило. Во краткиот телефонски разговор со една новинарка за The Daily Beast, потврдил дека некогаш ѝ бил момче на Меланија. Тој се согласил и на разговор со новинарката но на крај не се појавил на договореното место и време.



Спонозорирани линкови

Маркетинг