Плата милион долари! Кинезите бараат човек кој ќе работи на најголемиот телескоп на светот и ќе бара вонземјани!

Точка

10/08/2017

10:31

9.194

Големина на фонт

а а а

Кинезите продолжуваат со своите потфати во истражувањето на вселената, но сепак наишле на пречка кога станува збор за нивниот најамбициозен проект.

Кинеската влада бара човек кој ќе го надгледува секојдневното функционирање на најголемиот радио телескоп на светот, и тоа за плата од 1,2 милиони долари и бесплатно место за живеење. 

Меѓутоа, уште не успеале да најдат никој, бидејќи тоа работно место е многу одговорно. 


Телескопот со дијаметар од 500 метри, познат под акронимот "FAST", може да прими радио сигнали од делови во вселената оддалечени на 1.000 светлосни години, што го прави главен инструмент на денешницата за потрега по вонземјени облици на живот. 

Постојат неколку причини поради кои е тешко да се пронајде менаџер за овој проект. 

Прво, тоа мора да биде некој со извонредно знаење, посебно за неговите компоненти кои бараат прецизни тестирања и калибрација. 


Исто така, главниот оператор нема да има време за сопствени истражувања, ќе мора да работи долги смени кои не се фиксни, бидејќи е потребно уште многу време да се воспостави правилна работа на телескопот. Покрај тоа, менаџерот на најголемиот радио телескоп на светот нема да може да избере каде ќе живее, бидејќи неговото работно место се наоѓа во "Недојдија" во планините Гуиџоу во југозападна Кина. 

Веројатно нема да има ни соседи, бидеќи Кина раселила повеќе од 9.000 луѓе кои живееле во радиус од 5 километри околу телескопот, тврдејќи дека би можеле да создаваат проблеми во електромагнетното окружување.

Кандидатот притоа мора да има 20 години искуство, и водечка улога во некој поголем поголем проект на радио телескоп, како и професија професор на некој угледен институт или универзитет. 


Ванг Тингуи, професор по астрофизика од Универзитетот за наука и технологија во Кина, рекол дека сите тие барања го отежнуваат барањето на вистински кадар. 

Повеќето астрономи се надвор од конкуренција. На една рака можам да набројам луѓе кои се квалификувани за таа улога", рекол тој. 

"Тоа не е работа за научник. Тоа е работа за суперхерој", се наведува.



Спонозорирани линкови

Маркетинг