Џим Кери сега е неверојатен сликар, а неговиот уметнички документарец вирално се шири низ целиот свет

Точка

09/08/2017

16:44

4.746

Големина на фонт

а а а

Исчезнувањето на Џим Кери од големите филмски платна не остави нас неговите фанови да се чудиме каде е и што прави во животот. Одговорот е тука и тој е прилично неверојатен.

Џим Кери некогаш беше кралот на филмските комедии, но изминатите неколку години целосно го снема на филмскиите платна. Последните негови улоги беа во 2013-та и 2014-та година кога се појави во “The Incredible Burt Wonderstone” “Kick-Ass 2” and “Dumb and Dumber То”... но тие не поминаа најдобро кај филмските критичари, публиката па и бокс офисот.

Сето ова го постави прашањето: "Каде по ѓаволите исчезна Џим Кери од тогаш и што прави?" Но тој го даде одговорот на ова прашање пуштајќи го во етерот неговиот документарец за уметноста "I Needed Color"  /Ми требаше боја.

Шест-минутното видео објавено на Vimeo пред две недели дури сега започна да станува вирално, најверојатно бидејќи не се позамарал околу неговиот маркетинг. Но откако јавноста го откри, за многу кратко време собра прегледаност од повеќе од 2 милиони пати. 

Документарецот го прикажува Кери како работи во неговото уметничко студио и исто така ги покажува сликите насликани од актерот од кои ќе останете со подотвотрена вилица. Кери се "запознал" со уметноста подетално пред шест години како начин да го излечи "скршеното срце" - и успеал да произведе некои прилично фантастични уметнички дела. Сериозно, овие слики се неверојатни! 

"Мислам дека она што го прави некого уметник е тоа што тие креираат модел од нивниот внатрешен живот", вели Кери во видеото. "Тие прават нешто апстрактно да заземе физичка форма инспирирана од нивните емоции, потреби или она што чувствуваат дека се потребите на публиката"... 

Погледнете:




Спонозорирани линкови

Маркетинг