Кога ќе видите поради што "пукнало" помеѓу Абрамович и неговата сопруга ќе ви олесни што не сте богати

Точка

09/08/2017

15:31

17.611

Големина на фонт

а а а

Роман Абрамович вчера објави дека се разведува од третата жена, Даша Жукова, а денес е откриена и една од причините за тоа.

Станува збор за островот во центарот на Санкт Петербург кој Роман го купил за 360 милиони фунти.

Островот New Holland, кој е одвоен од историскиот дел на градот со три канали стана сопственост на Абрамович, а планот бил да го претвори во туристичка атракција. Околу овој дел од планот се согласувале и Роман и Даша, но проблемот настанал кога требале да ги договорат и конкретните детали. 

Според зборовите на претприемачот Антон Вуиме, Даша фантазирала за мини-Ибица, додека пак Роман Абрамович сакал островот да изгледа како мини-Европа. 


"Даша сакаше диско на отворено, слично како на Ибица, додека пак Роман фантазираше за културен центар, ресторани.. нешто слично на малечка Европа. Тој на крај си го оствари своето. Тие околу ова се скараа во јавно, три или четири пати", раскажал.

Наводно уште од Божиќ минатата година тие живеат одвоено. Празниците 36-годишната Даша ги поминала со богата фела во Хемптон, додека нејзиниот 14 години постар сопруг бил сам во Русија. 


Во Москва се полемизира за тоа дали Роман веќе ја исплатил својата наскоро-поранешна сопруга или руската јавност допрво ќе се забавува со еден од најскапите разводи во историјата. 

Богатството на Абрамович се проценува на седум милијарди фунти. Руската блогерка Елена Миро објавила дека тие двајца се развеле во тајност уште во мај, додека пак адвокатот Дмитриј Голоболев проценува дека Даша би можела да добие 200 до 300 милиони долари за време на разводот. 




Спонозорирани линкови

Маркетинг