Маск: На сервис ќе одите после изминати 1.600.000 километри!

Точка

09/08/2017

17:02

3.467

Големина на фонт

а а а

Една од предностите на електричните автомобили за којашто помалку се говори се значајно помалите трошоци за одржување и ретките посети на сервисот. А тоа и навистина звучи добро!

Првиот човек на Tesla Motors, Илон Маск, е уверен дека сопствениците на новиот Model 3 ќе имаат исклучително ретка потреба за својот автомобил да го сервисираат.

Тој кон крајот на месец јули на промоцијата на својот електиричен автомобил во фабриката во Фримонт, за порталот Car Advice изјавил дека “новата генерација на електромотори (коишто се вградуваат во Model 3) се конструирани такашто автомобилот може да измине и милион милји (или околу 1.600.000 километри) помеѓу две посети на сервисот”.

Купувачите, сепак, во меѓувреме ќе мора да го посетуваат сервисот поради замена на одредени потрошни делови, како што се кочниците или пневматиците, чијшто животен век е значајно покус.


Во Tesla Motors се убедени во одличниот квалитет на погонскиот систем и батериите, па така гаранцијата на новиот Model 3 изнесува 4 години, додека гаранцијата на батерите изнесува 8 години.

Маск изјавил и дека целта е за колку што е можно поголем дел од сервисните интервенции на возилото да се прават во домот на сопственикот, односно по далечински пат, со помош на софтверски ажурирања.

Колку за потсетување, основниот Model 3 во САД чини 35.000 долари (без субвенции) и има автономија во возењето од 354 километри. Автомобилот забрзува од 0 до 96 километри на час (0-60 милји на час) за 5.6 секунди, додека максималната брзина изнесува 209 километри.



Спонозорирани линкови

Маркетинг