За ова македонско семејство се зборува во цела Австралија: Братот бил убиен во својот дом, а сестрата е во затвор бидејќи запалила Србинка

Точка

07/08/2017

15:40

24.975

Големина на фонт

а а а

Македонецот Дејан Димитровски е убиен во својот дом во Перт, Западна Австралија.

Дејан (36) е всушност братот на Наталија, која во 2012-та година ја поли со бензин и ја запали Дана Вулин, по што беше осудена на 17 години затвор. 

Мртвото тело на Дејан со фатални повреди било пронајдено во петокот околу 18:30 часот по локално време.


Австралиските медиуми известуваат дека полицијата е во потрага по убиецот. 

Мајката на Дејан, Лилјана, го опишува како добар син, татко и брат. Изјавила дека целото семејство е потресено за неговата смрт и дека никој не може да разбере зошто некој би сакал да го убие. 


"Јас му ветив на син ми дека се' ќе направам за него.. доколку некој знае билошто за ова убиство нека ни се јави", изјавила потресената мајка низ солзи за една австралиска ТВ станица. 


Да се потсетиме, сестрата на убиениот, Наталија, пред пет години ја поли со бензин и ја запали Австралијанката со српско потекло, Дана Вулин. На Дана од изгорениците ѝ настрадале дури 65% од кожата на лицето и телото. Таа наредните три години беше приморана да носи маска на лицето и да подлегне на повеќе од 200 пластични операции. Наталија ѝ била љубоморна на Дана бидејќи Дана разговарала со нејзиниот сопруг на некоја забава (како за разговор да не се потребни двајца), па одлучила да ѝ се одмазди на најбизарниот можен начин, уништувајќи ѝ го лицето на убавицата, а поштедувајќи го својот сопруг како да не учествувал и самиот тој подеднакво во разговорот што очигледно за Наталија бил "премногу".


Полицијата истражува дали смртта на Дејан е поврзана со неговата сестра и нејзиниот одвратен чин на одмазда или станува збор за нешто сосема друго. Дана Вулин сега има 30 години и после пет години од трагедијата вели дека конечно се чувствува добро и повторно е самоуверена. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг