Пет основни вештини кои секој човек треба да ги знае - надградете се себеси

Точка

17/07/2017

20:43

3.958

Големина на фонт

а а а

Интерперсоналната интелигенција е една од најзанемарените, недоволно развиени вештини - а всушност најпотребна, доколку сакате да успеете во животот.

Во училиште, додека се подготвуваме за нашите понатамошни кариери, или пак кога го надоградуваме образованието или професионалниот живот се надоградуваме со технички вештини, притоа заборавајќи на оние посуптилните. Верувам дека "човечките вештини" треба да имаат исто значење - за полесен и поуспешен живот на сите нас. 

Кога имате исклучителни вештини и знаете како со луѓето - сè станува полесно. 

Можете да: 

- Преговарате за поголема плата.

- Полесно да создавате нови пријателства.

- Да се вклучувате во конверзации без да оставате чуден впечаток

- Да им кажете "НЕ" на токсичните луѓе

- Да им оставате добар впечаток на клиентите

- Да ви оди од рака односот со колегите

- Да ги детектирате лагите на другите

- Помалку расправии со партнерот

- Да ги разберете луѓето во вашиот живот


Како истражувач на човечкото однесување, ги проучувам скриените сили кои ги движат нашите модели на однесување во мојата лабораторија - науката на луѓето. Во текот на изминатата деценија развив кратенки, формули и шематски планови за полесно да ви оди односот со луѓето - со речиси баш секој.

Еве пет основни вештини кои сметам дека секој од нас треба да ги користи на дневна основа. Тие се моето тајно оружје за интеракција со луѓе. 

1. Предизвикај возбуда

Можеби ќе ви звучи лудо, но нашите емоции се заразни. Ние постојано ги шириме нашите расположенија едни на други - дури и од она што го објавуваме на Фејсбук!

Едно истражување анализираше над милијарда анонимни ажурирања на статуси од 100 милиони корисници на Фејсбук. Откриено е дека позитивните статуси креираат нагорна спирала на позитивни постови (на нив, околу нив). Додека дури и еден негативен пост создава надолна спирала на повеќе негативни мислења. 

Еве ја добрата вест: позитивните мислења се повлијателни и позаразни. 


Ова се случува и онлајн и офлајн. Во една студија, објавена од Британското психолошко друштво, откриено е дека кога споделувате позитивни вести со пријател - тие ви помагаат и на ДВАЈЦАТА. Вашата среќа се зголемува, а со тоа и на вашиот пријател (се разбира, доколку ви е вистински) ...

Чекор на акција: 

Обидете се да ги заразите со позитивна возбуда луѓето околу вас. Споделете ги големите вести, но исто така и малите - се додека се позитивни. Ви се допаѓа прилично многу вкусот на новопробаното ванила лате во тоа-и-тоа кафуле? Споделете го тоа на Инстаграм! Пред да се сретнете со пријател, размислете за сите позитивни работи кои можете да му ги кажете. Смешна случка? Сочни детали од некоја ситуација? Билошто за кое би можеле да наздравите заедно? Нема ништо подобро од тоа да пренесувате позитивна енергија. 

2. Избегнувајте ги убијците на соништа

Добро, да речеме дека сте го послушале мојот совет во #Вештина1 и сте споделиле некои супер возбудливи и позитивни вести со ваш пријател. А нивната реакција е ... малку слаба, некако.. неутрална - или уште полошо - малку љубоморна. 

Споделувањето на возбудливи и позитивни вести е одлична вештина за добар однос со луѓето но и одличен тест за нивниот карактер и вашиот однос. 

Доколку споделите некои одлични и возбудливи вести и лицето со кое ги споделувате станува возбудено за вас - бинго - вашата врска е одлична. Но доколку лицето не реагира добро - аларм - вашата врска можеби и не е толку одлична. Јас ги нарекувам овие луѓе "убијци на соништата"...

Убиец на соништа - Личност која ја гаси возбудата, страста, радоста и среќата кај другите - поради љубомора, несогласување или едноставно се тапа лик. 

Животот е прекраток за да се опкружуваме со луѓе кои не не поддржуваат вистински. Кога ќе наидете на убиец на соништа - исклучете го веднаш од вашиот живот. Овие луѓе се токсични. Ќе ве убедат дека треба да сте тажни и кога сте радосни. 


3. Додадете, не одземајте!

Сега имам едно тешко прашање за вас. Дали можеби вие сте "убиец на соништа" ? Понекогаш сме иако не сме свесни за тоа. 

Во интеракција со луѓе, вие или ја дополнувате возбудата, среќата, се смеете на шеги, покажувате интерес за човекот со тоа што му поставувате прашања, правите на човекот да му е пријатно во ваше присуство - или одземате - со тоа што сте цинични, не покажувате интерес, исмејувате. 

Ваквите "одземања" се мали убијци на соништата. И тие можат да бидат болни и штетни и да прераснат во расипани, изопачени односи. Еве ги начините на кои најчесто им ја уништуваме среќата и возбудата на луѓето без да сме свесни за тоа:

- Кога сте мокро ќебе. Вашиот пријател ви соопштува дека конечно ќе оди во Мексико, а вие посочувате дека таму владее вирусот Зика. Вашата мајка си купила нов џемпер, но вие ѝ кажувате дека таа боја и не е баш ин. Вашиот колега изгубил неколку килограми, а вие му викате "треба и спојлерите малку". ПРЕСТАНЕТЕ да им ја гасите еуфоријата на луѓето! Каков впечаток мислите дека оставате за себе?! 

- Или пак кога некој ќе ве праша: "Како си, како си помина минатава недела, од тогаш се немаме видено"  - на што вие ќе одговорите, но нема да го прашате и вие него истото. Не ве интересира? Ова е веќе некултурно. Да, тапа сте. Поставувајте прашања назад! Ако веќе не сте се сетиле први да ги прашате. Покажете интерес за луѓето. 

- Или постојано со негативните замерки - "Имаше метеж во сообраќајот / Виново е одвратно. Хранава е прескапа. Леле колку е грд човекон. Многу е тапа атмосферата овде" - Да, сфаќаме, животот е тежок. Ако сте лошо расположени едноставно останете дома и јадете си сладолед сами. Никој не сака негативна енергија или некој постојано да им укажува на "лошите" страни од се и сешто. 

4. Декодирајте ги скриените емоции

Понекогаш не споделуваме како навистина се чувствуваме - но луѓето со висока емоционална интелигенција знаат да насетат што се случува и зад зборовите. Д-р. Пол Екман открил седум универзални фацијални експресии, наречени "микроизразувања". Кога еднаш ќе научите како да ги препознаете, може да научите многу за она што некој навистина го размислува. 

Најважното нешто кое треба да научите да го препознаете е презир: подигање на усните во форма на насмевка но само од едната страна - проблемот е што ова навистина ни личи на насмевка - делумна радост или здодевност, но не може да биде подалеку од вистината! Тоа е израз на презир, песимизам и неодобрување. 

Доколку го забележите кај нечиј лик, побарајте го коренот на причината. Што ја предизвикува таа негативност? Осигурајте се да не бидете тоа вие. 

5. Престанете да им удоволувате на луѓето!

Да "се биде добар со луѓето" не значи да се кажува "да" на сè. Многумина од нас ги мешаат вештините "да се умее како со луѓето" со ласкање и удоволување. Ова е најдалеку од тоа што сакате да го постигнете. 

Треба да им кажете "НЕ" на погрешните луѓе за да имате енергија да воспоставите здрав однос со вистинските. 


Анти-удоволување на луѓето е неверојатна вештина. Таа вклучува:

- Поставување граници

- Употребување "НЕ" 

- Елиминација на токсични, негативни луѓе

- Немајте притисок да им кажете "да" на луѓето само бидејќи сакате да им удоволите.

Високата интерперсонална интелигенција доаѓа од преземање контрола врз вашите интеракции со луѓето.

Вратете ја контролата во вашиот социјален живот:

- Заразувајте ги луѓето со возбуда, оние за кои навистина се грижите и ви значат

- Држете се подалеку од "убијци на соништа", и внимавајте вие да не сте еден од нив.

- Декодирајте ги скриените емоции и лаги о луѓето околу вас (бидете внимателни)

- Престанете да им удоволувате - тоа нема да ви ги донесе вистинските пријатели, туку ќе ве искористуваат.




Спонозорирани линкови

Маркетинг