Тоти поради една причина не се преселил во Јапонија

Дерби

17/07/2017

22:06

782

Големина на фонт

а а а

Во месец мај Франческо Тоти против Џенова на „Олимпико“ го одигра својот последен меч за екипата на Рома, но прашањето за неговата играчка кариера остана отворено со тоа што како опции се споменуваат САД и Азија, поточно Јапонија.

По одредено време преселбата во Америка беше затворена и остана една дилема за Франческо-дали да биде директор на Рома или да продолжи да биде активен во дресот на составот на Токио Верди.

На крајот ја одбра првата варијанта и тоа поради една причина, неговото семејство кое не дало зелено светло за трансферот.

-Тоти беше достапен, ама не доби позитивен одговор од семејството, -вели првиот човек на Токио Верди, Хидеаки Ханја.



Спонозорирани линкови

Маркетинг