Најопасни отрови на светот во нашата околина: Само 2 килограми од оваа супстанца може да го збрише комплетното човештво

Точка

17/07/2017

19:28

9.152

Големина на фонт

а а а

Арсен во колична на капка дожд може да убие човек за два часа. Но, тоа делува како шега во однос на овие отрови.

Доминик Бурџес од "BritLab" ги претставил најсмртоносните отрови на светот. 

"Кога размислуваме за најсмртоносните отрови, на повеќето на памет ќе им падне арсен. Англискиот крал Џорџ Трети, Наполеон Бонапарта и кинескиот цар Гаунгси се смета дека умреле од труење со арсен, или така што некој ги отрул по случајно труење", вели тој. 

Само 200 милиграми арсен, што одговора на една капка дожд, е доволно да убие некој за 2 часа. 


Првиот знак на труење не метален вкус во устата, по што следи повраќање, напади и смрт. 

Звучи страшно, но дури и арсенот делува како безопасен кога ќе се спореди со некои други работи кои ги наведува Бурџес. 

Тетродотоксин е отров кој е издвоен од надуваните риби, понекогаш познати и како куглести риби, како и од синопрстенастите октоподи. Жртвата ја остава парализирана, додека телото минува низ страшна агонија. 


"Јазикот и усната почнуваат да печат, во устата доаѓа до вистинска ерупција од плунка и телото почнува да се поти", објаснува Бурџес. 

Сето тоа се случува додека жртвата е совршено свесна, но не може да се движи. Смртта настапува по мачење кое трае шест часа, а противотров не постои. 


Некои експерти сметаат дека вуду-вештерите го користеле токму тој отров, но во во мали дози, за кај поединците да предизвикаат транс. Научна потврда за оваа теорија не постои. 

Најлошите отрови често може да се најдат и блиску до нашите домови. Еден од таквите е срцевиот гликозид дигоксин, кој може да се пронајде во најобичните цвеќиња во нашите градини, како што се буков крин и олеандер. Само два килограми од тој отров, вешто распореден и дозиран, е сосема доволно да го збрише човештовото. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг