Се ближи крајот на владеењето на Трамп: Американскиот претседател ќе мора да поднесе оставка за да избегне прогон или затвор?!

Точка

17/07/2017

18:23

13.681

Големина на фонт

а а а

Отказот моментално изгледа како последна опција, но претседателот веројатно ќе мора да се одлучи за тој потег, за да ги спаси своите деца од затвор и себе од кривичен прогон - вели професорот Филип Бобит.

Деканот на правниот факултет на Универзитетот Колумбија изјавил дека Доналд Трамп ќе биде принуден да поднесе оставка поради уставната криза која ја предизвикале неговиот син и неговиот зет, пишува Evening Standard 

Мејловите на синот на Трамп неодамна откриле дека минатото лето се состанал со руската адвокатка Наталија Весељницкаја, а присутни биле неговиот зет Џеред Кушнер, како и Пол Манафорт, тогашен лидер на републиканската кампања. Доналд Трамп Помладиот одговорил на понудата за "инкриминирачка информација" за Хилари Клинтон дека со неа е "воодушевен".


Целта му е создавање на династија 

"Какви и да биле целите на кампањата Трамп, веќе долго е јасно дека најголема цел му е да создаде династија, откако уништил две владејачки династии во својата последна кампања. Отказот моментално изгледа како последна опција, но претседателот веројатно ќе мора да се одлучи за тој потег, за да ги спаси своите деца од затвор и себе од кривичен прогон", вели професорот Филип Бобит. 


Ако дојде до отповик, тоа ќе биде поради нудење на мито 

Бобит тврди дека отказ би била најдобра опција за извлекување од нередот кој го создале обвиненијата за соработката со Русија во текот на претседателските избори. Професор Бобит исто така наведува дека, ако дојде до отповик наместо оставка, Трамп ќе биде отповикан за нудење на мито. 

"Трамп на Коми му кажа дека ќе размисли за тоа дали сака да го остави на позицијата директор на ФБИ и потоа од него побарал прекин на истрага за Русија. Ова било нудење на мито на ист начин како што Никсон му понудил унапредување на судијата за да му излезе во пресрет на суд", вели тој.

Филип Бобит е внук на поранешниот американски претседател Линдон Џонсон. Служел како посебен советник на сите претседатели по својот вујко, освен на Никсон, Џорџ Буш и Трамп.




Спонозорирани линкови

Маркетинг