Годишнина од падот на малезискиот авион - Русите и Американците и натаму се обвинуваат меѓусебе: Постои и бизарна теорија дека патниците веќе биле мртви

Точка

17/07/2017

16:43

3.055

Големина на фонт

а а а

Авионот "Boeing 777" на летот меѓу Амстердам и Куала Лумпур бил соборен со ракета на 17. јули 2014. година на истокот на Украина.

Авионот "Boeing 777", на летот меѓу Амстердам и Куала Лумпур бил соборен со ракета на 17. јули 2014. година на истокот на Украина, тогаш центар на судирите на украинските сили и проруските бунтовници. 

Украинскиот претседател Петро Порошенко рекол дека Русија мора да одговара за соборувањето на авионот на летот "MH17" на "Malaysia Airlines", кој наводно го собориле бунтовниците на истокот на Украина во јули 2014. година, и така предизвикале смрт на 298 луѓе. 


"Тоа е срамно злосторство кое можеше да се избегне да не беше руската агресија, руската опрема и руските проектили донесени од руска територија. Нашата одговорност кон мртвите и кон идните генерации е да покажеме дека терористикчиот агресор ќе мора да одговара за своите злосторства", напишал Порошенко на својата Фејсбук страна. 

Заедничкиот истражен тим, сочинет од инспектори од Белгија, Австралија, Малезија, Холандија и Украина, заклучил дека авионот го погодила ракета од типот "Бук", донесена од Русија и лансирана од подрачјето под контрола на бунтовниците. 


Околку стотина лица се сомничат за активна улога во таа трагедија, но инспекторите не ги соопштиле јавно нивните имиња. 

Бутновничките власти и Москва ги отфрлиле наводите за својата одговорност и за соборувањето на авионот, и ја обвиниле украинската војска. 


Бидејќи никој не бил изведен пред суд, холандските власти на почетокот на јуни ветиле дека на одговорните ќе им се суди во Холандија. Порошенко рекол дека е уверен во објективноста на холандскиот суд. 

За денес во Киев е планирана официјална комеморација, но повеќе од 500 луѓе се осбрале на церемонијата на местото на падот на авионот. 


Меѓу бројните теории за тоа што се случувало тој ден и кој е одговорен за падот на авионот, се нашло и едно бизарно тврдење кое го изнел врховниот командант на проруските бунтовници во источна Украина. Тој истакнал дека речиси сите жртви, 300 од нив, биле мртви пред да полета авионот. 

Дури и самиот претседател на САД, уште во текот на својата претседателска кампања, зборувал дека нема доволно докази дека проруските бунтовници се виновни за оваа трагедија. 

"Тие тврдат дека не се виновни. Можеби е тоа нивно оружје, но тие не го користеле. Велат дека ракетата ја лансирала другата страна за да ги обвини нив. Да бидам искрен, веројатно никогаш нема да дознаме што се случило", рекол Трамп. 

Уште од почетокот на судирите на истокот на Украина имало предупредувања дека воздушниот простор над земјата не е безбеден. Украинската влада сепак не го затворила воздушниот простор за летови, игнорирајќи ги препораките на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај.

Семејствата на некои жртви поради тоа во 2014. година одлучиле да ја тужат Украина поради небрежност.



Спонозорирани линкови

Маркетинг