Бејл: Никогаш не размислував за напуштање на Реал Мадрид

Точка

17/07/2017

17:06

654

Големина на фонт

а а а

Герет Бејл изјави дека никогаш не помислил да го напушти Реал Мадрид и порача дека е подготвен да се бори за своето место во редовите на актуелниот европски шампион.

Шпанските и англиските медиуми долго време шпекулираа дека Велшанецот е на излезните врати на Реал Мадрид, но Бејл изјави дека е одлучен во својата намера да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

„Не сум размислувал за напуштање на Реал Мадрид. Знам дека е тешко да се вратите во екипата, но поради тоа сум во Реал Мадрид“, изјави Герет Бејл кој што минатата сезона се мачеше да се врати во форма поради проблеми со повреди.

Бејл минатата сезона одигра 27 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања и постигна девет погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг