Алонсо смета дека Мекларен треба брзо да одлучи за моторот

КРУГ.МК

17/07/2017

18:08

508

Големина на фонт

а а а

Фернандо Алонсо изјави дека сака Мекларен брзо да решат во однос на добавувачот со мотор за следната година. Тимот од Вокинг размислува на разделба со Хонда по уште една катастрогална сезона со само 2 поени по првите 10 трки.

Клучно за Фернандо Алонсо при обновување на договорот со тимот за во иднина ќе биде конкурентен мотор во болидот почнувајќи од 2018 година.

Двократниот првак ќе ја поддржи секоја одлука на екипата, но сака се да биде решено час поскоро.

„Работата е до нив, но дефинитивно колку побрзо решат толку подобри подготовки ќе имаат за следната година, така што препоставувам дека ќе решат многу брзо. Секако дека јас ќе ја поддржам нивната одлука.

За две недели возиме во Унгарија и тоа е одлична и реална можност за поени за нас. Останатите трки се само голема надеж и тешко достижен сон“, објасни Алонсо.

Шпанецот нема сомнеж дека далеку најголема слабост на пакетот е моторот на Хонда.

„Којзнае дали би се бореле за победи доколку имавме мотор на Ферари и Мерцедес, тешко е да се предвиди, но сметам дека го идентификувавме она што ни недостасува за да се подобриме и бидеме конкурентни.

Сепак, тоа не можеме да го поправиме во блиска иднина, а реалноста е дека многу брзо следува Унгарија што е одлична можност за нас и се надевам дека ќе бидеме многу добри“.



Спонозорирани линкови

Маркетинг