На оваа преубава плажа прекриена со црн песок брановите убиваат луѓе, а оние кои се обидуваат да избегаат со чамец ги претвора во карпи

Точка

17/07/2017

15:11

12.387

Големина на фонт

а а а

Во морето подеднакво спекаткуларно се обликувани и карпите Рејнисдрангар, а целото место го следи интересна легенда.

Кога ќе помислиме на Исланд, првата асоцијација ни е снег и студ, меѓутоа оваа земја има и прекрасни плажи, а една особено се истакнува со својата убавина. Брегот Рејнисфјара, во близина на селото Вик во Мајдалур е прекриена со црн песок, а во светот е позната по своите импресивни скалести и пирамидални карпи од базалт, наречени Халсанеф. 


Во морето подеднакво спектакуларно се обликувани и карпите Рејнисдрангар, а целото место го следи и интересна легенда. Според народното творештво врзано за ова место, овде некогаш живееле тролови кои се обидувале да ги одвлечат своите чамци кон морето, но ги фаќало изгрејсонцето и првите зраци ги претворале во карпи. 


На оваа плажа се снимени и делови од серијата "Game of Thrones", а поради својот моќен и величествен изглед таа честопати е фотографирана за разгледници или каталози за најубавите дестинации во светот. 

Со оглед на тоа дека помеѓу Рејнисфјара и Антарктикот повеќе нема копно, брановите се особено моќни и непредвидливи, па чести се и несреќите со смртен исход, па на морепловците овде им е подигнат и споменик. 

Селото Вик е најјужното населено место на Ислан, сместено на главниот пат кој оди околу островот, некои 180 километри од Рејкјавик. Има се на се само 300 жители, а претставува најголемо место во радиус од 70 километри. 


Селото се наоѓа јужно од глечерот Mýrdalsjökull кој е сместен на врвот на вулканот Катла. Неговата последна ерупција беше во 1918-та година, па многумина стравуваат дека наскоро би можела да се повтори. Ерупцијата на Катла би можела да предизвика доволно голема поплава за да го уништи целото село Вик. Единственото место на кое би можело да се преживее е црквата на врвот на ридот, па жителите постојано организираат вежби за подготовка во кои трчаат до црквата за да бидат подготвени кога би ги забележале првите знаци на ерупција.


Вик е најтоплото место на Исланд, а просечната температура му е пет степени Целзиусови. Исто така ова е и највлажното место на Исланд со годишен просек на врнежи од 2,250 милиметри, што е три пати повеќе отколку во Рејкјавик. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг