Вознемирувачка содржина: Чудо е што е жив: Познат пејач забоделе со шило во глава, му го скршиле носот, дивјачки го претепале и го оставиле да искрвари до смрт

Точка

13/07/2017

12:15

4.710

Големина на фонт

а а а

Пејачот на групата "Pro-Pain", Гери Мескил, бил нападнат во Брисел, и лекарите одвај му го спасиле животот.

Гери Мескил, пејач на хардкор бендот "Pro-Pain", бил нападнат од неколку момчиња во Брисел, и притоа ѕверски бил претепан и со тешки повреди префрлен во болнца. Иако изгубил многу крв, лекарите, за среќа, успеале да му го спасат животот.

 

Неколку дена по нападот, Мескил на Фејсбук странат на бендот објавил фотографии на кои се гледаат повредите на неговото лице, а потоа ја опишал драмата низ која минал.

"Пред неколку дена бев оставен да умрам на тротоар, и никој не ми помогна додека не дојде Итната помош. Откако бев ограбен, ме нападнаа неколку лица, ме забодеа со шило во глава и убеден сум дека мојата капа "New York Yankies" ми го спаси животот. Носот ми е скршен, скршени ми се неколку коски на лицето и вилицата, ми ги скршија очилата и стакло ми влезе во очи. Изгубив многу крв, и морав да добијам неколку трансфузии", навел Гери Мескил и додал дека животот му бил во голема опасност.

"Подоцна лекарите ми рекоа дека неконтролираното крварење речиси ме убило. Во наредните неколку дена се надевам дека ќе добијам второ мислење за состојбата на мојата вилица. Не можам да ја затворам до крај, и поради неколку скршеници, не можам да јадам што сакам, и оваа повреда ќе претставува најголема пречка за моето враќање на сцената. Најискрена благодарност му должам на докторот Оливие Санес и неговиот персонал, кои ми го спасија животот, како и на припадниците на бриселската полиција кои многу брзо ги уапсија виновниците", заклучил Мескил.



Спонозорирани линкови

Маркетинг