Zarooq Sandracer 500 GT: Погледнете ја оваа „песочна змија“

Точка

12/07/2017

18:30

1.367

Големина на фонт

а а а

„Зароке арапското име за најбрзата песочна змија. Исто така, тоа е и името на производителот на оф-роуд автомобили од Дубаи“, пренесува „СиЕнЕн“ за новиот Sandracer 500 GT на арапскиот производител Zarooq Motors.

Станува збор за возило кое што го комбинира луксузот и брзината на Ламборџини, како и снаодливоста на автомобилите на кои што песочните дини им се секојдневие, нешто слично на баги возилата.

Сепак, возилото на Zarooq е навистина нешто посебно. Новиот Sandracer 500 GT има каросерија од карбонски влакна и вграден roll-cage, а под хаубата има 6,2-литарски V8 мотор со 532 коњски сили, забрзува до 100 километри на час за 4 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 220 километри на час.


Концептот кој што беше претставен во 2015-та година, сега е веќе подготвен за производство на компанијата од Обединетите Арапски Емирати, а се планира да бидат произведени само 35 примероци.


„Луѓето ги сакаат суперавтомобилите, но и оф-роуд возилата. Наместо да имаат три различни автомобили, сега тие можат да го имаат само Sandracer. Мислам дека само на мојата улица има три Ферари автомобили, што значи дека со тоа не можете да се истакнете. Потребно ви е нешто што е повеќе ексцентрично, но позитивно“, изјави Јанис Мардел, еден од ко-основачите на компанијата.


Се проценува дека почетната цена на еден Sandracer 500 GT ќе изнесува околу 450 илјади американски долари.




Спонозорирани линкови

Маркетинг