Филимена Божиновска за Sixth Sense: "Со длабока почит кон природата сакав да ги искористиме сите природни суровини, природата не создала ништо бесцелно"

Точка

29/06/2017

12:43

6.815

Големина на фонт

а а а

Филимена Божиновска стои зад природната козметика "Sixth Sense" која како таква е основана во 2016-та година, но традиционално, од колено на колено влече корени во нејзиното семејство многу одамна. Драгоценото наследство од својата баба, г-ѓа Филимена Лазаревска, Филимена Божиновска го преточила во органска козметика па благодарение на тоа, денес сите имаме пристап до природната козметика и нејзините неверојатни бенефици врз нашата кожа.

1. Како започна целата идеа за SIXTH SENSE компанијата ?

Филимена Божиновска: Sixth Sense е производствена компанија основана во 2016 година. Поседуваме 40 годишно искуство за развој и производство на козметика, традиционално наследено од г-ѓа Филимена Лазаревска, една од првите козметичари со сертификат за производство на козметички производи на овој простор. Традицијата сакав да ја продолжам, со тоа што се фокусирав на природната козметика. Со длабока почит кон природата сакав да ги искористиме сите природни суровини бидејки природата не создава нешто што е бесцелно. Ставивме акцент на природните суровини бидејки синтетичките покрај тоа што се туѓи за човечкиот организам често може да предизвикаат и несакани промени на кожата. 



Компанијата е дизајнирана и поседува опрема со современа технологија во согласност со барањата за Добра производна пракса. Сите производствени процеси се надгледувани од високо едуциран персонал, со цел да се овозможи најдобар квалитет на нашите производи. Нашиот тим секојдневно го следи трендот за развој на природната козметика, тука се креираат иновативни формули базирани на најновите истражувања во полето на природната козметика. Иновативноста,креативноста, фокусираноста кон потрошувачите , тимската работа се нашите главни вредности. Целата линија на нашите природни козметички производи е изработена од висококвалитетни материјали кои се избрани од различни региони од добавувачи кои ги задоволуваат високите стандарди за квалитет и истите се во согласност со барањата на Европската регулатива за квалитетен козметички производ.

2. Како се прави природна козметика?

Филимена Божиновска: Природната козметика ја изработуваме исклучиво од природни суровини а тоа се суровини кои се добиваат готови од природата и пред употреба не им се врши никаква хемиска промена само се обработуваат со физички методи (чистење, мелење, ситнење и сл.), но при тоа нивната хемиска стуктура останува непроменета. Во нашата козметика применуваме суровини од растително, животинско и минерално потекло, каде што во најголем процент се застапени суровини од растително потекло. Активните растителни состојки и првокласните растителни масла ѝ даваат на вашата кожа сè што ѝ е потребно за да ја одржи својата природна свежина, здравје и убав изглед.

 

За секој тип на кожа креиравме и адекватни иновативни формули во кои се застапени и суровините со масни материи - мастите и маслата, кои хемиски претставуваат естери на глицерол и виши масни киселини т.н. глицериди. Имаат позитивно физиолошко дејство врз кожата, добро се апсорбираат (навлегуваат), рамномерно и лесно се нанесуваат и лесно се отстрануваат од кожата и не ја дразнат. Користевме мирисни материи- есенцијални масла наместо синтетски парфеми. Најчесто применувани растителни масла во SIXTH SENSE кремите се маслиново масло, бадемово, рицинусово, јојоба, невеново масло, маслиново, сончогледово и останати масла. Природната козметика не создава зависност на кожата и не се намалува ефектот како кај синетската козметика која придонесува за развивање на природна резистентност на кожата на хемиските суровини. 


3. Колкав е рокот на траење на овие производи?

Филимена Божиновска: Може да се забележи и на самата амбалажа дека SIXTH SENSE производите се со пократок период на траење поради природните состојки и ограничената употреба на агресивни синтетиски конзерванси. Нашата козметика исклучиво користи природен конзерванс. Во нашата козметика се користат и антиоксидансите кои дејствуваат на спречувањето или успорувањето на процесот на оксидација, го продолжуваат рокот на траење без при тоа да дејствуваат на промена на особините на препаратот. На оксидација се подложни масти, масла и восоци кои ги има и во SIXTH SENSE препаратите и кои под влијание на кислородот од воздухот и светлината, ужегнуваат, потемнуваат и го менуваат хемискиот состав. Со така променет состав имаат неповолно дејство на кожата. Како антиоксиданси кои ги применуваме се природните суровини кои содржат вит. Е, аскорбинска, и лимонска киселина и др., кои не предизвикуваат алергиски реакции.


4. Од каде доаѓа името на брендот SIXTH SENSE?

Филимена Божиновска: Накратко во неколку сегменти ке ја опишам и мојата инспирација за името SIXTH SENSE. Човечкиот организам се состои од 7 квадрилиони атоми, споредбено со сите 300 милијарди звезди во галаксијата што е неколку пати повеќе. Со секое нанесување на било кој производ од SIXTH SENSE колекцијата за нега на лице се будат сите атоми во човечкиот организам, (тоа може и да го забележите на логото на SIXTH SENSE – атом што се движи) и го будат шестото сетило а тоа е сетилото за УБАВИНА.  


5. Што опфаќа вашата палета на производи?

- Крема за избелување

- Крема против стрии

- Крема за сува до нормална кожа

- Крема против стареење и брчки

Во најава имаме уште два производи наредниот месец а тоа се:

- Крема за комбинирана кожа и

- Крема за мрсна кожа


6. Кои се вашите планови за во иднина?

Филимена Божиновска: Нашата визија е да ја збогатиме палетата на производи со тоа што секоја група на производи ќе содржи основни и специјални производи за решавање на основните но и посебните потреби за нега на кожата.  

7. Од каде ги набавувате суровините од природно потекло?

Филимена Божиновска: Целата линија на нашите природни козметички производи е изработена од висококвалитетни материјали кои се избрани од различни региони како што се Лондон и Барселона, од добавувач кои ги задоволува високите стандарди за квалитет и истите се во согласност со барањата на Европската регулатива за квалитетен козметички производ.


8. Кој е најбаран производ?

Филимена Божиновска: Несоменено најбарана на овој пазар е кремата против стареење и брчки за која нема ограничувања за апликација во однос на старосната граница. Кремата против стареење и брчки содржи Ретинол кој може да помогне во зголемување на влажноста на кожата, а во исто време го ревитализира надворешниот слој на кожата, за да изгледа и се чувствува помека и помазна. Природната и хранлива формула е подготвена да и помогне и да ја заштити кожата, како и да ги намали брчките. Оваа крема помага во борбата против знаците на стареење на кожата со видливо намалување на појавата на брчките и помага да се зголеми цврстината на кожата. 


Во однос на нашето соседско опкружување таргет региони ни се Косово и Албанија каде што најпобаруван производ е крема за избелување. Малце повеке ќе се осврнам и на овој производ. Во западната култура сеуште се смета дека е пожелно да се добие бронзениот тен. И покрај предупредувањата за последиците од прекумерно изложување на УВ зраци, сепак бизнисот за вештачки тен е во голем подем во последните децении.


Во Источниот Свет пак, постои вековна традиција при што светлиот тен се смета за еквивалент на младите и убавината. Во последниве години, интересот за белеење на кожата расте неверојатно.Традиционално, депигментација на кожата се врши со агресивни хемиски средства. Развојот на подготовките за белење на хиперпигментирани лезии или безбедно да се постигне целокупно белење - е еден од предизвиците на козметичката индустрија. Една од најочигледните цели за депигментирачките агенти е ензимот тирозиназа. Научната литерарура на тирозиназната инхибиција покажува дека голем дел од работата е спроведен од 2000 година и е посветен на истражување на нови депигментирачки агенти. Имено, многу од овие студии се занимаваат со тирозиназни инхибитори од природни извори и се претежно со азиско потекло. Утврдени се голем број на тирозиназни инхибитори од двата вида извори, природни и синтетички. Класичните избелувачи на кожата, како хидрохинон, којик киселина или живини состојки може да дејствуваат како карценогени или да имаат други штетни ефекти, затоа ние овие агресивни избелувачи ги заменивме со билки како активна супстанција во кремата за избелување.

Ќе го следиме трендот на природната козметика и ќе креираме формули кои ќе ги освои сите континенти.

9. Каде може да се најдат производите на SIXTH SENSE?

Филимена Божиновска: Во сите подобро снабдени аптеки низ Македонија. Во преговори сме со ДМ и Космо парфимериите. Брендот SIXTH SENSE сакаме да биде застапен низ цел Балкан и моментално преговараме со Косово, Албанија, Србија и Црна Гора.  


10. Што ќе им препорачате на читателите на Точка?

Филимена Божиновска: Користете ги сите производи на SIXTH SENSE кои се во совршена хармонија со човекот и природата. SIXTH SENSE ПРИРОДНО ВИСОКО КВАЛИТЕТНИТЕ ПРОИЗВОДИ НЕ СОДРЖАТ ПАРАБЕНИ, БОИ, СИНТЕТСКИ ПАРФЕМИ, СУЛФАТИ, ГЛУТЕН, ПАРАФИНИ,СИЛИКОНИ. НЕ СЕ ТЕСТИРАНИ НА ЖИВОТНИ .

Бидејки сме инспирирани од природата ги креиравме SIXTH SENSE производите за вас и наши главни адути се: врвен квалитет, традиција и екологија.


И за крај "Бидете паметни ако сакате, бидете добри ако сакате, но секогаш бидете убави со производите на SIXTH SENSE". 

Фото: Ивана Дракулевска

Локација: Бистро бар Барбакан



Спонозорирани линкови

Маркетинг