Велат дека момчето од филмот „Шесто сетило“ сосема пропаднало, но вистината би можела да ве изненади

Точка

28/06/2017

17:52

11.704

Големина на фонт

а а а

Во оваа фаза речиси е општо прифатено мислењето дека Хејли Џоел Осмент, на сите познат како „момчето од филмот Шесто сетило“, целосно пропаднал.

Сепак, не можеме да ги обвиниме луѓето за тоа мислење, бидејќи денес 29-годишниот Хејли пуштил долга брада, добил вишок килограми, а исто така долги години се нема појавено во некоја поголема улога. Според холивудските стандарди, сосема е нормално медиумите да го третираат како сите останати детски актери чии кариери никогаш повеќе не го достигнале нивото на филмовите кои ги прославиле.

На кратко, Хејли е експресно сместен во категоријата на Меколи Калкин, Кори Фелдман и Едвард Фурлонг или во превод, се наоѓа во категоријата на детски ѕвезди кои таблоидите ги прогласуваат за „неуспешни“.

И додека површноста на таблоидите е сосема очекувана, факт е дека Осмент (за разлика од своите колеги), во овој момент проживува нов процут на кариерата кој е нетипичен за многу детски ѕвезди.

Од момчето од „Шесто сетило“ до забраден маж во „Силиконската долина“

До неодамна на улица му велеле да ја изговори култната реченица од филмот „Шесто сетило“ ("I see dead people"), но од ден во ден има се` повеќе луѓе кои го фалат поради улогата во одличната серија „Силиконската долина“, во која неодамна ја добил улогата на паметниот, шармантниот, но и „расипаниот вондеркид“ од ИТ индустријата. 

И тоа е само дел од телевизиските остварувања во кои се појавил. Многумина ја забележаа неговата улога во фалената серија "Alpha House", се појави и во бизарниот хорор на Кевин Смит "Tusk", но и во од критиките одлично прифатената британска драма "Oasis".

Случајна кариера

Осмент ја започнал својата кариера сосема случајно, за време на посетата на Икеа во Бурбенк каде што го забележале агенти кои го снимиле, а подоцна го повикале на колективна аудиција на која бил избран од морето деца повикани на ист начин. Првата улога му била во реклама за Pizza Hut, а после тоа, се` почнало да оди во нагорна линија. 

Тогаш станувало збор за помали улоги, но потоа дошла неговата најзначајна и легендарна улога во филмот „Шесто сетило“. Иако сите кои биле вклучени во снимањето на „Шесто сетило“ знаеле дека станува збор за добар филм, никој не го очекувал хитот во кој се претворил, а уште помалку дека Осмент ќе биде номиниран за Оскар во категоријата за најдобар спореден актер.

Потоа следувале улогите во филмовите како што се "A.I." и "Pay It Forward". До моментот кога започнал на факултет, Осмент се појавил во некои помали улоги и бил релативно заборавена детска ѕвезда.

Камбек

Осмент одлучил да им се врати на телевизијата и филмот во 2013 година, а "Spoils" и "Alpha House" биле првите поголеми проекти, а оттогаш се нижат се поголеми и позначајни улоги. Секако, најголемата е онаа во одличната серија на HBO "Silicon Valley" која ги воодушеви и публиката и критиката. 

Што се однесува до идни проекти, пред Осмент се неколку филмови, но е заинтересиран и за некоја поголема серија која би му дала шанса да го искаже својот актерски талент. Во секој случај, Осмент е далеку од пропадната детска ѕвезда, а со оглед на растечката популарност на серијата „Силиконска долина“, се чини дека пред него е повторно одлична иднина.




Спонозорирани линкови

Маркетинг