Како настана iPhone: Тие се идиоти!

Точка

28/06/2017

14:41

5.155

Големина на фонт

а а а

Поранешен вработен во Apple, Скот Форстал откри некои детали кои што му претходеле на развојот на телефонот кој што засекогаш го промени пазарот на мобилни телефони.

Скот Форстал проговори за една ситуација која што му претходела на почетокот на развојот на првиот паметен телефон на Apple. „Приказната“ за iPhone започнала, како што раскажува Форстал, затоа што Стив Џобс мразел некој вработен од Мајкрософт кој секогаш кога ќе го сретнел му велел дека неговата компанија ќе владее во светот со новиот Windows таблет кој ќе се користи со Stylus.

Форстал не откри за кој вработен во Мајкрософт станува збор, но нагласи дека тоа не е првиот човек на компанијата, Бил Гејтс. Тој откри дека Стив Џобс секогаш бил лут после нивните разговори.


Еднаш, после разговорот со „директорот од Мајкрософт“, Стив Џобс пристигнал во компанијата од Купертино, и со голем број на пцовки им порачал на сите во Apple: „Прво, тие се идиоти. Тоа не работи со Stylus. Ние сме родени со десет Stylus-и“.

Џобс со оваа реченица најавил во која насока ќе се движи развојот на паметните телефони - наместо пенкалце, за управување и пишување по тие уреди луѓето според замислие на Џобс треба да ги користат прстите.


За почеток на развој на паметен телефон, Џобс се одлучил, според Форстал, поради тоа што мобилните телефони претставувале закана за iPod. Исто така, Форстал се сеќава дека за време на една негова вечера заедно со Џобс, првиот човек на Apple ги гледал луѓето наоколу и сфатил дека тие не се задоволни од тоа како управуваат со своите мобилни телефони.

Останатото, како што се вели - е историја. Apple со својот iPhone направ вистинска револуција и сега, заедно со Самсунг и после десет години и натаму доминира на овој пазар. Ако предвидувањата на аналитичарите се покажат како точни, тогаш после претставувањето на iPhone 8, можеме да го очекуваме најдобриот период и најдобрата продажба на телефоните на Apple во историјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг