Шокантни исповеди на доставувачи на пица: Секс и насилство наместо бакшиш

Точка

19/06/2017

20:22

14.734

Големина на фонт

а а а

Неодамна на социјалната мрежа Reddit доставувачи на пица ги споделиле своите непријатни искуства – каква навистина е нивната работа и што се` гледаат, слушаат и проживуваат доставувачите. Во САД таа работа е навистина стресна, бидејќи никогаш не знаат на чија врата ќе чукнат, особено ако одат во поопасните делови од градот.

Овие доставувачи откриле дека редовно гледаат голи луѓе, а некои од нив биле и нападнати, претепани и ограбени, пренесува „Business Insider”, кој изнесе неколку, во најмала рака, необични приказни.

„Во просторот за пошта на вратата ме пречека пенис во ерекција. На врвот од пенисот беше залепена post it хартија на која пишуваше: парите се под килимчето, а ова е бакшишот. Повикав полиција, а на шефот најголемиот проблем му беше што не ја оставив пицата и што не ги зедов парите. На почетокот се насмеав, но кога се помрдна, сфатив дека е вистински. Си помислив да го удрам со пицата, но се предомислив. Го фотографирав и повикав полиција“, раскажал еден од корисниците на оваа социјална мрежа. 


„Бев доставувачка на пица. Работев во Пица Хат и имав нарачка за четири големи пици кои требаше да ги однесам во малку поопасна населба, но во тој момент не размислував за тоа. Пред куќата ме пречекаа двајца момци, појдов до нив, го спуштив погледот на сметката за да им наплатам. Во тој момент едниот ме удри со тупаница, а другиот ми ги зеде пиците. Ме ограбија, а при падот искршив неколку мали коски во стапалото (незгодно паднав). Последицата од тој инцидент беа 18 месеци боледување, три операци на ногата и загуба од 50 долари“, било ужасното искуство на една девојка. 

„Еднаш ме ограбија. Тропнав на вратата и тие се појавија со пиштол. Двајца мали Латиноамериканци ме зграпчија и ме повлекоа на подот во ходникот. Ме претепаа, ми ги зедоа парите и ми се закануваа со пиштолот дека ќе ме убијат мене и моето семејство ако кажам некому за ова. Јас не се вратив, но набрзо дојде полиција и на едниот од нив тоа му бил трет прекршок, па сега е на доживотна робија. А, другиот доби 5 години затвор за напад“, раскажал друг доставувач. 


Еден од корисниците на оваа социјална мрежа, кој работел како доставувач на пица, раскажал како еднаш дошол на врата која ја отворило мало момче и целото среќно го прашало дали тој е неговиот татко. Тој вели дека од шок и тага не знаел што да му одговори, па само стоел таму во тишина. 



Спонозорирани линкови

Маркетинг