Претставен е новиот BMW 6 Gran Turismo: Луксузниот адут кој е најдобра замена за Серија 5 GT

Точка

19/06/2017

17:30

1.962

Големина на фонт

а а а

Новиот BMW 6 Gran Tursimo на јавноста ќе ѝ биде претставен на саемот за автомобили во Франкфурт во септември оваа година, а пред крајот на годината веќе и ќе се најде во продажните салони.

Станува збор за модел кој ќе ја замени Серија 5 GT, при што новиот назив означува и голем чекор нанапред. BMW тврди дека новиот BMW 6 Gran Tursimo е полесен за возење, дека е поудобен, а новиот автомобил е 87 милиметри подолг, 21 милиметар понизок, 150 килограми полесен, и секако, поголем во внатрешноста во однос на својот претходник.


Пространата внатрешност е дизајнирана на начин возачот се што му е потребно да има пред себе, а повисоките седишта им овозможуваат на патниците подобра прегледност. На централната конзола доминира 10,25-инчен екран со мултимедијалниот iDrive систем кој што поддржува гласовни наредби и контрола со гестикулација.


BMW 630i Gran Turismo е основниот бензински модел кој под хаубата има 2,0-литарски 4-цилиндричен мотор кој е во комбинација со 8-степенски автоматски „стептроник“ менувач. Максималната брзина изнесува 250 километри на час, а од 0 до 100 километри на час забрзува за 6,3 секунди. Развива 258 коњски сили.


BMW 640i Gran Turismo / BMW 640i xDrive Gran Turismo е помоќниот бензинец со 6-цлилиндричен 3,0-литарски мотор кој што располага со моќ од 340 коњски сили и до „стотка“ развива за 5,4, односно за 5,3 секунди. И на овој модел брзината му е ограничена на 250 километри на час.


Толку изнесува максималната брзина и на BMW 630d Gran Turismo / BMW 630d xDrive Gran кој што располага со 3,0-литарски, 6-цилиндричен мотор и 265 коњски сили. Забрзува од 0 до 100 километри на час за 6,1, односно 6,0 секунди.




Спонозорирани линкови

Маркетинг