Португалија гори: Страшни сцени го потресоа светот, голем број на загинати, луѓето изгореле во своите автомобили...

Точка

19/06/2017

09:37

20.426

Големина на фонт

а а а

Според последните информации, најмалку 62 лица загинаа во големите шумски пожари кои што од саботата беснеат во централна Португалија.

„Големината на овие пожари е толкава што ние не се сеќаваме дека сме имале ваква трагедија“, изјави португалскиот премиер Антонио Коста кој што го посети опожареното планинско подрачје на околу 200 километри североисточно од Лисабон.

Португалскиот премиер истакна дека е клучно да се фокусираат на превенцијата на новите пожари со оглед на големиот топлински бран, силните ветришта и недостатокот од дожд и предупреди дека бројот на загинати може да биде и поголем.


Португалската влада прогласи тридневна жалост, а пожарникарните служби добиваат поддршка и од војската. Европската унија веднаш испрати помош, Франција понуди три авиони за гасење на пожар, а Шпанците испратија два.

Градоначалникот на Педрогао Гранде, Валдемар Алвес изјави дека ситуациајта е пеколна и такво нешто досега не било видено. Пожарот зафатил преку 20 села. Најголемиот број на загинати биле луѓе кои што со своите автомобили се обиделе да побегнат од пожарите, меѓутоа за жал, заглавиле на патиштата блокирани од огнот и изгореле во своите автомобили.


Министерот за внатрешни работи, Жорге Гомес изјави дека три лица го загубиле животот од вдишување на чад, а 18 лица изгореле во четири автомобили на патот кој ги поврзува Фигуеиро дос Вињос и Кастанхиеро де Пера додека бегале од огнената стихија.





Спонозорирани линкови

Маркетинг