Потресно: Ги снимиле мајките како ги продаваат сопствените деца за секс

Точка

19/05/2017

21:27

6.538

Големина на фонт

а а а

Хорор на Филипините - Мајки по разни чет соби ги нудат своите деца за секс. некои деца имаат само по седум години, а мајките ги нуделе нивните тела за 18 долари...

Новинарката на BBC Стејси Дули снимила документарен филм на Филипините за мајките кои сексуално ги искористуваат сопствените деца и ги продаваат за секс кој понекогаш се снима пред лајв веб камери.

Новинарката поминала една недела со специјален американски агент и ја следела тајната операција на Домашната безбедност во која се следеле неколку филипински мајки кои ги продавале своите деца за секс.

Но, не само што изведувале секс во живо со сопствените деца, туку им ги продавале децата и на педофили од странство, од кои многумина дошле од САД и Велика Британија. Мајките од пеколот ги нуделе своите деца на разни чет соби, а ги продавале за 18 долари.

BBC на Фејсбук објави шокантна снимка на која во еден мотел ги уапсиле двете сестри кои сакале да му ги „продадат“ своите две деца за секс на специјалниот агент.

Агентот: Што можам да правам со кое дете?

Мајката: Алис може да има секс, како и Џејн и Ен, но Кејти не може.

Агентот: Ок, колку треба за секс?

Мајката: Дали ќе останат во оваа соба?

Агентот: Да, можат да останат во оваа соба.

Откако агентот им ги предал парите, други агенти влегле во собата и ги уапсиле двете сестри. Тие биле малку шокирани кога им ставале лисици на рацете и се чуделе зошто се обвинети. Иако оваа тајна операција траела две години и завршила успешно, никој не се радувал. 

Од канџите на овие сестри биле спасени 13 деца, од кои десет биле од нивното семејство. Најмладото имало само два месеци.



Спонозорирани линкови

Маркетинг