Скандалот за интерпелација на Трамп, советуван да ангажира адвокат

Макфакс

19/05/2017

19:47

701

Големина на фонт

а а а

Постојат информации дека американскиот претседател Доналд Трамп е советуван да ангажира адвокат затоа што се засилуваат сомневањата за врските меѓу неговиот изборен штаб за време на претседателска кампања со Руската Федерација.

Можноста за импичмент на Трамп ја засени неговата прва посета во странство, откако тој стапи на функцијата, пишува Телеграф.

По тврдењата дека Трамп побарал од поранешниот директор на Федералното биро за истраги (ФБИ) Џејмс Коми да ја прекине истрагата против поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, шефот на државата на САД бил советуван да побара независен правен совет. 

Додека тој е во Ријад, Саудиска Арабија, Трамп се надева да ги остави зад себе сложените внатрешни проблеми, фокусирајќи се на зајакнувањето на односи меѓу Саудиска Арабија и САД.”



Спонозорирани линкови

Маркетинг